Koалициските партнери ССМ, СДСМ и Левица денеска одржаа заеднички протест во Скопје. Она што требаше да биде протест од работниците и за правата на работниците се претвори во класичен партиски собир. Предичеа знамиња и партиски обележја на СДСМ и на Левица.
Со ова веќе е повеќе од јасно дека раководството на ССМ е длабоко навлезено во партиски води и оти правата на работниците за зголемување на мининалната плата се само параван зад кои се крие опозицицијата предводена од СДСМ и Левица.
На дел од фотографиите од протестот може да се забележат лица кои носат маици со натпис на опозициската партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ). Токму ова присуство дополнително ги засили тврдењата на власта дека зад протестот стои политичка организација, а не само синдикална иницијатива.
Според овие ставови, појавата на партиски обележја на протест кој формално е организиран од синдикат отвора сомнежи за можна координација меѓу дел од политичките структури и синдикалните активности. Критичарите сметаат дека ваквите детали укажуваат на обид синдикалното незадоволство да се претвори во политички притисок врз институциите.
Од друга страна, поддржувачите на протестот тврдат дека барањата за повисоки плати се реален проблем со кој се соочуваат многу работници во Македонија и дека присуството на поединци со различни политички убедувања не значи дека протестот е директно организиран од политичка партија.
Сепак, појавата на симпатизери со партиски маици на протестот на Сојуз на синдикатите на Македонија повторно ја отвори дебатата за тоа каде завршува синдикалната борба за работнички права, а каде започнува политичката борба на опозициската партија Социјалдемократски сојуз на Македонија?


