Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Сè е откажано во Мајами (ВИДЕО)

    Финска повторно најсреќна земја во светот, Македонија рангирана на 82 место

    Без млеко и јајца, а вкусот чист луксуз: хит десерт готов за 15 минути

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Вајц бара да се разјасни дали вториот Протокол потпишан со Бугарија е услов за Македонија
    Политика

    Вајц бара да се разјасни дали вториот Протокол потпишан со Бугарија е услов за Македонија

    18/03/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Бугарските европарламентарци повторно ја користат својата позиција и на маса ги враќаат прашањата како заедничките славења, историјата, јазикот, досиејата на службите, говорот на омраза, учебниците… како услов за продолжување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Тие со овие амандмани повторно го проблематизираат статусот на Македонија и ја шират листата на барања.

    Затоа известувачот Вајц самиот побара од правната служба на Европскиот совет разјанување на „сите двосмислености околу правниот статус во процесот на пристапување кон ЕУ на вториот билатерален Протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство“ меѓу Бугарија и Македонија. Вајц практично бара Европскиот совет да каже дали со заклучоците од 2022 година каде што се споменува Протоколот, но не како задолжителен услов, може да биде нов услов за евроинтеграциите на Македонија.

    „Процесот на пристапување кон ЕУ зависи од исполнување на условите наведени во Преговарачката рамки на ЕУ, негување на добрососедски односи и почитување на билатералните и меѓународните договори, во согласност со Копенхагенските критериуми и сопствените заслуги на земјата, вклучително и целосното спроведување во добра намера на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и неговите протоколи и Преспанскиот Договор со Грција“, пишува во амандаманот на бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев.

    Во еден од стоте амандмани на бугарските европратеници се бара одржување на трета меѓувладина конференција меѓу Скопје и Софија за спроведување на Договорот за добрососедство и Протколот, се бара Историската комисија да постигне јасни и мерливи резултати, а за Акцискиот план за малцинствата велат дека не гарантира доволно ефикасна заштита од дискриминација и насилство, не обезбедува функционални механизми за борба против говорот на омраза, не се справува соодветно со наводните систематски прекршувања на правата и нема ефективни законски мерки. Во своите амандмани бараат дури и почитување на јазичните права на малцинствата во Македонија, не споменувајќи дека тоа се однесува на бугарското малцинство, но не го споменуваат прашањето на македонскиот јазик.

    Вајц го отвора и прашањето за македонскиот јазик и идентитет со амандман во кој стои дека „го признава постоењето на различни толкувања во врска со потеклото на македонскиот јазик и идентитет“, но нагласува дека „неговиот извештај нема за цел да прејудицира или да го ограничи научниот дискурс за овие прашања, ниту пак таквите толкувања имаат влијание врз оценката на Парламентот за напредокот на Северна Македонија во пристапувањето во ЕУ, кое останува засновано на
    критериумите од Копенхаген и принципите на добрососедски односи, а во согласност со критериумите договорени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година“.

    Вајц бара Европскиот совет и Европската комисија поактивно да се ангажираат за деблокада на преговорите со Македонија, а отворањето и затворањето на преговарачките поглавја да се решава со квалификувано мнозинство, место како сега – за секоја етапа да се гласа со консензус.

    Бугарските европратеници го проблематизираат барањето за автоматско продолжување на преговорите ако пројдат промените на Уставот. Ивајло Валчев бара во извештајот да влезе дека Македонија не ги исполнува преземените меѓународни обврски, а тука го споменува и Преспанскиот договор.

    Во амандманите на Валчев, Ковачев и Стојанов јасно се отфрла можноста за некаква друга форма на членство за Македонија во ЕУ, некакво политичко, економско или безбедносно партнерство.

     

    Previous ArticleФилипче и Шилегов со меѓусебни обвинувања дека работат во интерес на ВМРО ДПМНЕ
    Next Article Трамп: Одбивањето на земјите од НАТО да помогнат во Иран е многу глупава грешка

    Поврзани вести

    Пленковиќ на самитот на ЕПП во Брисел: Македонија заслужува јасна перспектива во ЕУ

    19/03/2026

    Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од самитот на ЕПП (ВИДЕО)

    18/03/2026

    Мицкоски во Брисел на конгрес на Европската народна партија

    18/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Сè е откажано во Мајами (ВИДЕО)

    Финска повторно најсреќна земја во светот, Македонија рангирана на 82 место

    Без млеко и јајца, а вкусот чист луксуз: хит десерт готов за 15 минути

    Тулси Габард вели дека иранскиот режим е сè уште недопрен, но одбива да разговара со Трамп за војна

    НАЈЧИТАНИ

    Градоначалникот Александар Китански заедно со припадниците на исламската вероисповед на ифтарска вечера во село Црник

    13/03/2026

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Конститутивна седница на новиот локален Совет за превенција во Општина Берово

    13/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.