Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»МНР: Нова динамика во соработката со Мароко
    Политика

    МНР: Нова динамика во соработката со Мароко

    01/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На пленарната сесија, како што информираат МНРиНТ, во Министерството за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници биле разгледани прашања поврзани со севкупните односи меѓу двете земји, како што се политичкиот дијалог, парламентарната соработка и претстојните посети на високо ниво, особено во пресрет на одбележувањето 25 години од воспоставувањето дипломатски односи в година. Особено внимание било посветено на економските односи и можностите за соработка во трговијата, инвестициите, енергетиката, туризмот и образованието, со акцент на стратешката позиционираност на двете земји како важни крстосници и нивниот потенцијал за унапредување на постојните транспортни и логистички коридори.

    „Нашата стратешка позиција на коридорите 8 и 10, како и улогата на Мароко како врата кон Африка, создаваат можност за продлабочување на соработката во логистиката, енергетиката и дигиталната инфраструктура. Нашата заедничка цел е да овозможиме простап до комплементарните пазари, европскиот за Мароко и африканскиот за Македонија, преку поинтензивна економска и инфраструктурна поврзаност“, истакнал Димитровски.

    Двете страни се осврнале и на мултилатералната соработка, пред сè, во рамките на Обединетите нации и Унијата за Медитеранот, како и на регионалните и глобалните прашања – од состојбите во Западен Балкан и регионот МЕНА до актуелните безбедносни предизвици поврзани со Украина, Блискиот Исток и Африка. На разговорите е разговарано и за збогатување на постојната билатерална договорна рамка и финалните подготовки за потпишување на неколку билатерални акти.

    Како што посочуваат од МНРиНТ, посетата на Рабат почнала со кратка, протоколарна средба на заменик-министерот Димитровски со министерот за надворешни работи на Кралството Мароко, Насер Бурита, кој посакал успешна работа и ги изразила своите очекувања посетата да претставува добра основа за понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

    Во рамките на посетата на Кралството Мароко делегацијата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остварила средби и со државниот секретар во Министерството за индустрија и трговија задолжен за надворешна трговија, Омар Хеџира, како и со претседателката на парламентарната група за пријателство со Собранието на Република Северна Македонија во Претставничкиот дом на Кралството Мароко, Каула ел-Харчи, при што биле потврдени одличните заемни односи и перспективите за нивно натамошно унапредување во непосредниот период.

    Во текот на посетата од двете страни било потврдена волјата силната политичка релација да прерасне во подинамична и посеопфатна секторска соработка која ќе доведе до динамизирање на економските и трговските односи меѓу двете земји.

    Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, одржа и предавање во Кралскиот институт за стратешки студии, при што говорел за приоритетите во надворешната политика на Македонија.

    Previous ArticleММФ предвидува понизок раст и повисока инфлација во Македонија
    Next Article Државата ќе бара пари од домашни банки за довршување на автопатот Кичево – Охрид

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.