Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин денеска ќе биде во еднодневна посета на Скопје и тоа на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Словенецот кој е голем поддржувач и пријател на Македонија и нашиот фудбал ќе има и средба со државниот врв во земјава, а во фокусот е продолжување на успешната соработка и нови проекти кои ќе допринесат за уште поголем развој на фудбалот во Македонија.
Александар Чеферин последен пат беше во земјава за Супер Купот на Европа кога изјави:
„Ова е најдобро организиран натпревар во од Супер Купот. Благодарам Скопје, благодарам Македонија…“.
По безмалку девет години од тој настан дали е време Скопје и Македонија да организираат барем финале од Конференциската лига на Европа. Секако дека ако и ФФМ со државата и дадат гаранции на УЕФА дека имаме, а во минатото докажавме дека имаме капацитет и сила да организираме голем натпревар каков што беше тоа на дуелот Манчестер Јунајтед со Реал Мадрид.
