Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»„Секој има право да си се допишува, но моите чувства се посилни“ – смета премиерот за писмата на СДСМ до ЕУ
    Политика

    „Секој има право да си се допишува, но моите чувства се посилни“ – смета премиерот за писмата на СДСМ до ЕУ

    17/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    СДСМ претходно денеска соопшти дека Филипче упатил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија, како и до амбасадорите на земјите членки на ЕУ за „сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“.

    „Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам“, се  вели во писмата во кои директно се посочува улогата на премиерот Христијан Мицкоски и се нотираат најавите со закани врз опозицијата и најавата за политички прогон.

    Изјавата дека премиерот има чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејството итн. ќе бидат опфатени со одредени прогони, според СДСМ е изјава за политички реваншизам и претставува директна закана за демократскиот плурализам.

    Во изјава пред два дена Мицкоски истакна дека очекува опозицијата да биде критичка и во своите редови и доколку поранешни високи функционери од претходната влада на СДСМ бидат опфатени во одредени прогони, да излезат на прес-конференции и да ги повикаат на одговорност.

    „Очекувам истата оваа опозиција да се однесува вака критички како што сега се однесува – кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку ќе ги повикат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност“, изјави тогаш Мицкоски.

     

    Previous ArticleПрофесорите не сакаат да работат, но сакаат високи плати – смета премиерот Мицкоски
    Next Article Сиљановска-Давкова на Дипломатскиот форум во Анталија: Евроинтеграциите не се само политичко, туку и безбедносно прашање

    Поврзани вести

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    22/10/2026

    Во Будва започна Самитот во рамките на Берлинскиот процес

    22/10/2026

    Муцунски на средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.