Во Пехчево денеска беше отворена изложбата „Будна вода“, на која авторката Дијана Шулајковска пред љубителите на уметноста претстави околу 20 ликовни дела изработени во техника акварел на платно.
Инспирирана од спомените од детството, Шулајковска преку своите дела ја пренесе убавината на природата и емоциите поврзани со родниот крај на нејзината мајка Марија. Во своето обраќање пред присутните, авторката се наврати на детските денови поминати во Пехчево, на бистрата и студена вода, водопадите, бунарот пред старата куќа и безгрижните игри со другарките за време на летните распусти.
Изложените дела ја доловуваат симболиката на водата како извор на живот, спомени и инспирација, а изложбата беше топло прифатена од публиката, која имаше можност да ужива во уникатниот уметнички израз на авторката.
Дијана Шулајковска, покрај ликовната уметност, се занимава и со пишување поезија, а е сопруга на познатиот македонски сликар Тони Шулајковски.
Присутните и посакаа на авторката понатамошен успех и уште многу творечки достигнувања во областа на уметноста.


