Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Обвинителството испитува дали биле почитувани мерките за безбедност по несреќата во Kисела Вода
    Македонија

    Обвинителството испитува дали биле почитувани мерките за безбедност по несреќата во Kисела Вода

    24/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Еден градежен работник загина утрово, а четворица се повредени на градилиште во Кисела Вода, откако ги затрупа насип со земја. Градилиштето е во близина на кафулето „Фејс“ на улицата Козјак. На терен утрово имаше багери и камиони, а местето беше опколено со полиција која не им дозволуваше на новинарските екипи и на минувачите да се приближат до заштитната ограда.

    Според последните информации од Ургентниот центар, примени се вкупно четири лица, од кои три се со полесни повреди.

    „Четворица повредени работници се примени на Ургентен, еден е со скршеници на нозете, другите се со полесни повреди. Имаат нагмеченци, повреди на лактот. Едниот пациент ќе биде опериран“, изјави за Мета.мк д-р Игор Мерџановски од Ургентниот центар. 

    Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е сопственик на компанијата инвеститор што ја гради зградата каде што загина работник. Фото: Мета.мк

    Попладнево соопштение стаса и од Основното јавно обвинителство (ОЈО), од каде што информираат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место на локацијата во Кисела Вода.

    „Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

    Мухамед Али, директорот на ЦУК информира дека утрово во 08:14 часот добиле повик за затрупани градежни работници со земја.
    „Д-р Драган Панов од Итната медицинска помош побара од нас асистенција за извлекување на затрупаните лица“, изјави тој.

    Поранешниот градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски е сопственик на компанијата „Нар Инвестмент“ која е инвеститор на зградата во чие градилиште се случи несреќата. На информативната табла стои дека на оваа локација треба да се гради странбено-деловна зграда. Изведувач е фирмата „Јакимовски“ ДООЕЛ Скопје, а проектант и надзор „Сара-4 ДОО Скопје“. Пишува и дека инвеститорот добил правосилно одобрение за градба на таа локација од 09 март годинава.

    Според јавно достапни информации, Коневски е сопственик и основач на компанијата, а Илија Коневски е директор. Основана е во ноември минатата година како друштво со ограничена одговорност.

    Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е сопственик на компанијата што ја гради зградата каде што загина работник

    с

    Previous ArticleЛута пиперка со силна порака: „Јади луто, не зборувај луто“ против говорот на омраза
    Next Article Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    Поврзани вести

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    24/04/2026

    Лута пиперка со силна порака: „Јади луто, не зборувај луто“ против говорот на омраза

    24/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    НАЈЧИТАНИ

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Се проширува акцијата за откривање на нелегален увоз на ботокс и филери, најавени нови претреси низ целата држава

    24/04/2026

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.