Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    Николоски: Сакаме да ја искористиме уникатната положба на Македонија, ЕУ ни помага во изградбата на коридорите

    Мемов: Лага се тврдењата дека укинувањето на техничката влада е донесено без консултации со партиите

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мемов: Лага се тврдењата дека укинувањето на техничката влада е донесено без консултации со партиите
    Политика

    Мемов: Лага се тврдењата дека укинувањето на техничката влада е донесено без консултации со партиите

    26/04/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Ваквиот модел одамна ја има исполнето својата примарна цел и не постои како стандард во ниедна современа европска демократија и држава. Сите тврдења дека техничката влада се укинува веднаш, како и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии, се обична лага и претставуваат обид за манипулација со јавноста“, рече Мемов.

    Според него, наместо конструктивност и политичка зрелост во време кога е неопходен широк консензус, „гледаме обиди за блокади, калкулации и партиски игри на штета на граѓаните“.

    „Последниот потег, заканата за повлекување од работната група за новиот Изборен законик, е само кулминација на ваквиот пристап. Јавно прашуваме: на што се должи овој потег? Дали сме сведоци на подготовка за сценарио за целосна блокада на работата на работната група за Изборниот законик? Дали следниот чекор е напуштање на законодавниот дом од страна на пратениците на СДСМ, со крајна цел – бојкот на претстојните парламентарни избори? Дали вистинската причина е стравот од соочување со граѓаните и од извесен, катастрофален изборен пораз, по кој, како следствен чекор по таков катастрофален резултат, ќе следува и потребата од оставка на Филипче од челната позиција на СДСМ? Дали станува збор за однапред смислено сценарио за зачувување на личните позиции на актуелното раководство на СДСМ, предводено од Филипче и нивните интереси? Дали ова е единствениот начин двоецот Филипче – Заев да го задржи влијанието врз партијата? Дали од лукративни причини се турка политика на конфронтација, со новинари, со членови на СДСМ, истакнати поединци, па дури и со градоначалници и пратеници од нивните редови? Дали намерно се изолира партијата од клучните процеси во државата“, праша Мемов.

    Тој рече дека Движењето ЗНАМ јасно порачува оти државата не смее да биде заложник на ничии политички калкулации. Ова е момент, нагласи тој, кога сите заедно „мора да ја издигнеме демократската свест, да ја зацврстиме одговорноста и да покажеме дека знаеме да носиме одлуки во интерес на државата“.

    „Македонија заслужува стабилност, достоинство и напредок, и ние ќе продолжиме да работиме токму за таква иднина. Упатуваме повик до членовите и симпатизерите на СДСМ – бидете внимателни. Не дозволувајте да бидете вовлечени во сценарија што водат кон изолација, кон уништување на партијата, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат“, додаде Мемов.

    Истакна и дека политиката мора да биде во служба на граѓаните, а не на лични агенди.

    „Ова раководство на СДСМ ја доведе партијата до историски најнизок рејтинг, на ниво од едвај нешто над пет проценти, а со вакви непромислени и деструктивни сценарија, ризикува целосно да ја маргинализира на политичката сцена. Затоа, упатуваме апел и до пратениците и до градоначалниците од редовите на СДСМ – не дозволувајте да бидете инструмент во стратегии што водат кон слабеење, изолирање и непостоење на партијата. Не прифаќајте политики што не се во интерес ниту на членството, ниту на граѓаните. Целиот товар на ваквите политики ќе падне врз вас, додека двоецот Заев – Филипче ќе останат изолирани од политичките последици и ќе продолжат да делуваат без отчет пред јавноста, уживајќи во моќта на златните визи, забави и крстарејќи на луксузни јахти“, рече Мемов. 

    Запрашан каков е ставот на партијата во однос на Законот за двојно државјанство, Мемов кажа дека ЗНАМ ќе се произнесе по ова прашање после јавната дебата и откако ќе биде разгледан конечниот текст на предлог-законот.

    На прашањето дали е доволно само да се донесе овој закон за пратениците, бидејќи и во Уставот и во други прописи е дозволено да се има двојно државјанство, Мемов рече ставот на ЗНАМ е конзистентен.

    „Официјален став на ЗНАМ е дека идниот собраниски состав треба да биде со 90 пратеници, да има една изборна единица, изборен праг помеѓу два и три проценти и да се промени начинот на финансирање на политичките партии, вклучително и за ова прашање“, рече Мемов.

    Previous ArticleВработен во основно училиште од Гостивар осомничен за силување на 14-годишно девојче
    Next Article Николоски: Сакаме да ја искористиме уникатната положба на Македонија, ЕУ ни помага во изградбата на коридорите

    Поврзани вести

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    26/04/2026

    Николоски: Сакаме да ја искористиме уникатната положба на Македонија, ЕУ ни помага во изградбата на коридорите

    26/04/2026

    СДСМ тврди дека поранешниот премиер Никола Груевски подготвува ново бегство

    26/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    Николоски: Сакаме да ја искористиме уникатната положба на Македонија, ЕУ ни помага во изградбата на коридорите

    Мемов: Лага се тврдењата дека укинувањето на техничката влада е донесено без консултации со партиите

    Вработен во основно училиште од Гостивар осомничен за силување на 14-годишно девојче

    НАЈЧИТАНИ

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    26/04/2026

    Се проширува акцијата за откривање на нелегален увоз на ботокс и филери, најавени нови претреси низ целата држава

    24/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.