Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Димитровски очекува Македонија со новата бугарска влада да најде прифатливо решение за сите
    Политика

    Димитровски очекува Македонија со новата бугарска влада да најде прифатливо решение за сите

    25/04/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Димитровски денеска присуствуваше на настан во Собранието каде беше прашан дали Владата ќе прифати влез на Бугарите во Уставот и другите помали заедници и дали има рок за влез во ЕУ.

    „За жал, ниту од Европската Унија, ниту од земјите – членки, не постојат ниту напори, ниту предвидени рокови, кога земјите кандидати од Западен Балкан ќе ѝ се приклучат на Европската Унија“, рече Димитровски.

    Тој рече дека е потребна предвидливост на европскиот пат, а смета дека земјата има се повеќе поддршка. Го спомна меѓу другото, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, за кого било разумно тоа што нашата држава барала некакви гаранции.

    „Јас се чудам зошто само на опозицијата не ѝ е разумно да бараме гаранции“, рече Димитровски.

    Мораме достоинствено да ги почнеме преговорите и достоинствено да станеме членка на Европската Унија – порача Димитровски.

    Во однос на влезот на Бугарите во Уставот и други етнички заедници, тој истакна дека нашата држава е шампион во човекови и малцински права и дека во Стразбур нема ниту една пресуда што се однесува на правата на Бугарите во Македонија, но дека државата мора да има гаранции дека нема да има понатамошно вета.

    „Она што ја загрижува оваа влада и не само оваа влада, туку и мнозинството граѓани, 80 отсто од Македонците, 70 отсто од Албанците и она што сметаме дека во изминативе две години успеавме како Влада да наидеме на разбирање кај 99 отсто кај сите земји – членки, е дека навистина имаме проблем со тоа што ќе се случува денот по отворањето на Уставот, денот по влезот на Бугарите во Уставот. Дали ќе продолжат бугарските вета? И за тоа немаме гаранции. Немаме гаранција од Софија, напротив, имаме гаранции дека мораме да ги исполниме до последна точка сите преземени обврски, не само со преговарачката рамка, туку и со протоколите. Докрај. Онака како што се запишани, докрај“, рече Димитровски.

    На денешната пленарна сесија 1 – „Моделот на вклучување на Собранието на Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ“, на прашања покрај Димитровски, одговараа собранискиот претседател Африм Гаши, заменик-претседателката на СДСМ – Фани Каранфилова-Пановска, Марија Ристеска – извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦРПМ, како и Гордан Георгиев – поранешен пратеник и претседател на Форумот за разумни политики.

    На утрешната пленарна сесија 2 – „Работните тела на Собранието на Република Северна Македонија и процесот на пристапување кон ЕУ“, најавено е на прашања да одговараат Беким Сали – прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Венко Филипче – претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Ели Панова – членка на Комисијата за европски прашања, Бујар Османи – поранешен министер за надворешни работи, како и Цветанка Иванова – поранешна генерална секретарка на Собранието.

    Previous ArticleДве лица oд Кривичен суд под истрага оти примиле поткуп за да издејствуваат ослободителна пресуда
    Next Article Најголем дел од законите по скратена постапка ги предлагаат пратениците, вели Гаши

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.