Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Енрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен

    Како ќе изгледа „Пиета во прекривките на ургентноста“ во македонскиот павилјон на Венециското биенале

    Чупиќ искрен: Генерално крајниот резултат ми изгледа логичен

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Зоран Спасов Ѕоф:  Да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност
    Култура

    Зоран Спасов Ѕоф:  Да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност

    28/04/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт“. Оваа историска фикција, во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ексклузивно беше претставена на 23 април, на Саемот на книгата. На преполниот штанд на „Арс Ламина“, авторот истакна дека „да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност“.

    „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман што не бара да му верувате, туку да го издржите! Овој роман не е само приказна. Тој е повик. Повик од минатото, од земја што илјадапати била распната и исто толку пати воскреснувала – во збор, во песна, во идеал и во љубов… Гоце Делчев е најголемиот син, апостол, учител, мит… Сите го знаеме – од химната, од авторот за деца Ванчо Николески, од академик Христо Полјански, од полето за натпревар, од табакерата, од актерите Дарко Дамевски и Ристо Шишков… Но, никој не го запознал вистинскиот Гоце. Можеби само Пејо Јаворов и Димо Хаџи Димов. И љубената Јанка-Јустинијана Каневчева. Судбината направи да се „запознаеме“. Додуша, со „посредник“ – една гулабица што ми ја раскажа целата приказна. Со објавувањето на ова дело сигурен сум дека успеав да го запознаам. Потврда за тоа се моите рецензенти: Братислав Димитров, Сузана Мицева, Татјана Алексиќ, Мишо Китаноски, Гоце Дојчиновски, Катица Ќулавкова и Тоше Чепреганов – кој ми беше совест. Додека бев во средно училиште не ја сакав историјата. Подоцна почнав да ја разбирам и сфатив – ние не сме народ без историја. Ние сме народ што не знае што да прави со неа. Јас не сум историчар. Јас сум човек што се осмели да му се приближи на еден човек што сите го знаеме – а никој не го познаваме. Ова е книга-огледало. Ова е книга што те чита тебе. Те скенира. Гоце е огледало. И ако не ви се допадне тоа што ќе го видите – не кршете го огледалото. Погледнете се уште еднаш во него. Ако ја затворите без немир – не сте ја прочитале“, рече Зоран Спасов Ѕоф на промоцијата.

    Пред присутните се обрати и промоторот и еден од рецензентите на книгата, драматургот Братислав Димитров, кој истакна:

    „Пред нас стои книга со високи етички и естетски вертикали. Ретко кој успеал да пишува за историски лик и епска тема на ваков начин – ова е роман со филмска структура, каде што документарното се доживува како уметничко, а уметничкото како документ. Внатрешната, интимна драматургија го прави делото исклучително оригинално, а по секоја реченица следува друга – како луциден афоризам. Густината, прецизноста и богатството на стилот ги надминуваат и најславните гоблени. Фасцинира посветеноста и ударничката работа на писателот, особено неговата слобода, фантазија и љубов кон темата. Зоран Спасов Ѕоф е еден од највредните и најталентираните луѓе што сум ги запознал во животот, а не живеам баш кратко. Овој роман мора да влезе во лектира – ги учи Македонците дека, освен делење, постои и математичката операција множење, па така сите ќе ја засакаат сопствената историја. Да не претерувам? Не претерувам. И не е случајно.“

    Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман за еден човек — и за времето што не знаело како да го задржи. Гоце Делчев, роден во мал град меѓу ридови и граници, расте во свет во кој зборовите се мерат, а слободата се плаќа. Свет во кој народите живеат под туѓи имиња, а соништата се шепотат тивко како молитва. Но некои луѓе не умеат да живеат во молк. Од детството во Кукуш, преку тајните патишта на револуцијата, до годините кога идеалот станува поголем од самиот живот, овој роман го следи патот на човек што избира нешто потешко од славата — избира совест. И избира љубов. Љубов кон земјата што сè уште нема име. Љубов кон народот што сè уште нема држава. Љубов што знае дека, можеби, нема да го доживее утрото — но сепак оди кон него. Ова е приказна за верата дека идеалите не умираат со луѓето што ги носат. Дека некои животи се кратки, но доволно силни да ја променат историјата. И дека понекогаш, меѓу љубовта и смртта, стои само еден човек — и неговата одлука.

    Зоран Спасов Ѕоф е познат скопски лик, филантроп и автор на книгите „И јас сум Сирма“, „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“, „Џабе живиш у Скопје“, „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“.

    Романот „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е достапен на штандот на „Арс Ламина“ за време на Саемот на книгата, а веќе може да се најде и во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

    Повеќе информации за романот може да најдете на следниот ЛИНК.

    Previous ArticleСамо една третина од жените биле опфатени со скринингот за рак на грло на матка
    Next Article Академската фела на УКИМ денеска избира нов ректор, за позицијата кандидати се Ангелова и Данев

    Поврзани вести

    Како ќе изгледа „Пиета во прекривките на ургентноста“ во македонскиот павилјон на Венециското биенале

    29/04/2026

    Концерт на пијанистката Дуња Иванова под отворено небо во Центар

    28/04/2026

    Без победник на конкурсот „Горан Стефановски“: Текстовите што ги добивме се скици, немаат целосна драмска структура

    27/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Енрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен

    Како ќе изгледа „Пиета во прекривките на ургентноста“ во македонскиот павилјон на Венециското биенале

    Чупиќ искрен: Генерално крајниот резултат ми изгледа логичен

    Пратениците денеска ќе расправаат за укинување на техничката влада и за едно државјанство за пратениците

    НАЈЧИТАНИ

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    26/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.