Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

    Куп финале 2026: Силекс по својот четврти пехар, Шкендија ќе атакува по третиот

    Промоција на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева – Ѓорѓиевска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Mуцунски: Сѐ уште сме во преговори со Брисел за олеснување на ЕЕС системот летово
    Политика

    Mуцунски: Сѐ уште сме во преговори со Брисел за олеснување на ЕЕС системот летово

    19/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Имаме разговори и со институциите на Европската Унија и со земјите членки, за во летниот период, кога ќе настанат најголемите гужви, да постои некаков систем преку кој ќе има олеснувања. Во моментот, бидејќи ништо не ни е официјално потврдено, за жал, и јас ништо не можам официјално да потврдам, но очекуваме како регион, соработувајќи и со земјите членки, кои и самите не сакаат вакви гужви, да има подобри услови од тие што ги имаше во последниот период“, рече Муцунски одговарајќи на прашање на пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска за тоа каков одговор добиле во врска со одложувањето на EЕС-системот за нашата држава.

    Тој посочи дека во текот на претходната недела бил на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ со земјите од Западен Балкан, при што лично тој го отворил ова прашање.

    „Присуствував и на состанок на министрите за надворешни работи во форматот ‘Пријатели на Западен Балкан’ во Братислава. Лично бев првиот министер од регионот кој го отвори ова прашање. Исто така, разговарам и билатерално со земјите од регионот. Како еден пример, министерот за внатрешни работи Тошковски пред неколку недели исто така беше во Грција, каде што разговаравме и дискутиравме како да се најде решение колективно за целиот регион. Зошто велам колективно? Затоа што веста што излезе дека граѓаните на Србија се исклучени од ЕЕС, е лажна вест, неточна информација. Точно е дека се појави во неколку медиуми, но јас наредниот ден таа информација ја нареков политички естраден настап, затоа што е апсолутно неточна“, рече Муцунски.

    Тој додаде дека согласно правилата на Европската Унија, таков тип на индивидуален исклучок, прво, не може да се направи, а второ, ако се погледнат условите на граничните премини, таква одлука не може да се имплементира. Додаде дека кога ќе се создаде гужва, не може да се направи една лента со колона само за граѓани на одредена земја.

    Previous ArticleСиљановска по средбата со Мусар во Љубљана: Доследна примена на европското право
    Next Article Светот го слави враќањето на Нејмар на Светското првенство

    Поврзани вести

    Предистрага на Обвинителството поради сомнежи за шпионажа во кабинетот на Сиљановска

    20/05/2026

    Продавачи на кифли повеќе нема да се ставаат инспектори, во Собранието изгласани измени за полицијата, инвестициите и образованието

    19/05/2026

    Сиљановска по средбата со Мусар во Љубљана: Доследна примена на европското право

    19/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

    Куп финале 2026: Силекс по својот четврти пехар, Шкендија ќе атакува по третиот

    Промоција на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева – Ѓорѓиевска

    Лудо славје на фудбалерите на Арсенал после судискиот свиреж (ВИДЕО)

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026

    „Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски

    17/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.