Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Тухел го откачи и Трент, последниот патник за Мундијалот ќе биде Џед Спенс

    Повредата на Нејмар излезе посериозна од очекувањата

    Сиљановска-Давкова – Викоф: Нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска-Давкова – Викоф: Нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
    Политика

    Сиљановска-Давкова – Викоф: Нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД

    21/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот мир.

    „На средбата беше нагласено значењето на партнерството со НАТО и со Соединетите Американски Држави, како и важноста на соработката со командата во Неапол за безбедноста и стабилноста на Балканот и за натамошниот развој на современ и интероперабилен одбранбен систем“, информира Кабинетот на претседателката.

    Соговорниците разговарале и за важноста на Балканот во контекст на европската безбедност, при што било истакнато значењето на инфраструктурната и логистичката поврзаност, како и на цивилно-воената координација за унапредување на сојузничката подготвеност и мобилност. Во разговорот било посочено и значењето на Армискиот полигон Криволак, како еден од клучните капацитети за реализација на големи сојузнички вежби, што дополнително го зацврстува придонесот на македонската армија во рамки на Алијансата.

    „Адмиралот Викоф го нагласи придонесот и глобалната одговорност што државата ја демонстрира со своето учество во повеќе мировни мисии предводени од НАТО, посочувајќи дека со својата географска положба нашата држава е важна точка за источното крило на Алијансата, се вели во соопштението.

    Соговорниците размениле мислења и за актуелните безбедносни предизвици, вклучително и последиците од војната во Украина и состојбите на Блискиот Исток, при што е истакната потребата од единство, подготвеност и засилена соработка меѓу сојузниците.

    Претседателката Сиљановска-Давкова ја потврдила целосната посветеност на државата кон заедничките вредности и цели на Алијансата, како и кон придонесот во колективната безбедност и стабилност на НАТО.

    Previous ArticleЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ
    Next Article Повредата на Нејмар излезе посериозна од очекувањата

    Поврзани вести

    Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера

    21/05/2026

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска

    21/05/2026

    Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

    20/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Тухел го откачи и Трент, последниот патник за Мундијалот ќе биде Џед Спенс

    Повредата на Нејмар излезе посериозна од очекувањата

    Сиљановска-Давкова – Викоф: Нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД

    ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026

    „Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски

    17/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.