Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Делчево доби уникатен парк со цитати од Библијата каде се споменува Македонија

    Тухел го откачи и Трент, последниот патник за Мундијалот ќе биде Џед Спенс

    Повредата на Нејмар излезе посериозна од очекувањата

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера
    Политика

    Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера

    21/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за предистражна постапка, јас нема да ги заборавам зборовите на мојот професор Никола Матовски, професор по кривична постапка. Тој велеше дека во предистражна постапка малку се зборува, многу се работи, односно се собираат информации – нагласи претседателката.

    Сиљановска-Давкова истакна дека никогаш не ги толкува постапките на другите органи.

    „Јас почитувам поделба на власта, но не можам да не кажам дека малку сум збунета со одговорите на новинарските прашања или со објавите што доаѓаат токму од Обвинителството за организиран криминал, во кои се објаснува нивната комуникација со Министерството за внатрешни работи. Не, не бегам од изјави. Меѓутоа, мислам дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но, како што реков, и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка “, заклучи претседателката.

    ОЈО ГОКК вчера потврди дека отворило истрага поради сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

    Во соопштението од таму беше наведено дека по добиено известување на 18.12.2025 година од МВР – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година, и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвориле предистражна постапка и веднаш ги презеле сите неопходни мерки и активности во согласност со своите законски надлежности.

    Во рамките на постапката, се додава, до Основниот кривичен суд било доставено барање за издавање наредба за пребарување компјутерски систем со цел утврдување на содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на претседателката. Истовремено, биле издадени и наредби за екстракција на податоци од персонални компјутери и од лаптопи доставени до МВР од Кабинетот на претседателката.

    Previous ArticleОтворање на 16. Филозофски филмски фестивал со дистопискиот филм „Друг крај“ од Пјеро Месина и концерт на „Галактик ефенди“
    Next Article СДСМ најави кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Поврзани вести

    Сиљановска-Давкова – Викоф: Нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД

    21/05/2026

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска

    21/05/2026

    Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

    20/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Делчево доби уникатен парк со цитати од Библијата каде се споменува Македонија

    Тухел го откачи и Трент, последниот патник за Мундијалот ќе биде Џед Спенс

    Повредата на Нејмар излезе посериозна од очекувањата

    Сиљановска-Давкова – Викоф: Нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026

    „Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски

    17/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.