Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Граѓанските организации бараат повлекување на измените на Законот за игри на среќа
    Македонија

    Граѓанските организации бараат повлекување на измените на Законот за игри на среќа

    22/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Граѓанските организации, бараат од пратениците во Собранието да не ги поддржат предлог-измените на Законот за игри на среќа и забавни игри, каде според законското решение, граѓанските организации, националните инвалидски организации и Црвениот крст нема да можат да добиваат средства за работа со ранливи категории.

    Мрежата за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост, Македонската платформа против сиромаштија и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, упатија апел до пратениците да побараат објаснување за причините поради кои граѓанските организации не се вклучени во предлог-решението.

    Оттаму посочуваат дека граѓанските организации директно им помагаат на маргинализираните групи како што се лицата со попреченост, жртвите на семејно и родово базирано насилство, Роми и останати групи на терен, во советувалишта, шелтер-центри и други услуги каде што граѓаните најмногу имаат потреба од поддршка.

    „Со предложените измени се отвора ризик средствата наменети за ранливи категории да се распределуваат без јасни, транспарентни и отчетни критериуми, без гаранција дека ќе стигнат до организациите кои имаат искуство, стручност, лиценцирани услуги и директна работа со граѓаните“, се вели во соопштението.

    Од Мрежата за заштита од дискриминација велат дека слабостите во досегашниот систем на распределба на средства не се решаваат со бришење на граѓанските организации од законот, додавајќи дека потребен е подобар, потранспарентен и поотчетен систем кој ќе вклучува јавни повици, јасни критериуми, независна евалуација, редовен мониторинг и објавување на резултатите од финансираните програми.

    „Бришењето на граѓанскиот сектор од законите е опасен сигнал. Тоа отвора прашање дали во Северна Македонија се појавуваат практики кои го стеснуваат просторот за граѓанско дејствување и ја оддалечуваат земјата од демократските стандарди и европскиот пат“, стои во соопштението.

    Тие порачуваат дека пратенциите имаат одговорност да ја заштитат демократијата, јавниот интерес и правата на граѓаните кои се во најкревка положба.

    Од Мрежата за заштита од дискриминација апелираат до пратениците да не ги поддржат предложените измени во актуелната форма, туку да побараат нивно повлекување или измена со цел организациите да останат препознаени во законот како субјекти што можат да добиваат средства наменети за ранливите категории.

    Оттаму бараат и организирање јавна расправа и консултации со сите релевантни чинители, граѓанските организации, мрежите, организациите што работат со жртви на насилство, Црвениот крст и други засегнати страни.

    Паралелно, посочуваат и на потребата од воспоставување транспарентен и отчетен механизам за распределба на средствата, заснован на јавни повици, јасни критериуми, докажана експертиза, квалитет на услугите и реални потреби на граѓаните.

    Од Мрежата порачуваат дека ова прашање не треба да се третира како партиско, туку како прашање на демократија, владеење на правото, транспарентност, европски вредности и заштита на најранливите категории на граѓани.

    Previous ArticleПоништена набавката за електрични автобуси
    Next Article „Битка меѓу книгата и алгоритмите“, Фондацијата Марјановиќ го поттикнува читањето кај децата

    Поврзани вести

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    23/05/2026

    „Битка меѓу книгата и алгоритмите“, Фондацијата Марјановиќ го поттикнува читањето кај децата

    22/05/2026

    Поништена набавката за електрични автобуси

    22/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    23/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.