Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Средба на Сиљановска-Давкова со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф
    Македонија

    Средба на Сиљановска-Давкова со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф

    22/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата.

    „Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот мир“, пишува во соопштението.

    На средбата било нагласено значењето на партнерството со НАТО и со Соединетите Американски Држави, како и важноста на соработката со командата во Неапол за безбедноста и стабилноста на Балканот и за натамошниот развој на современ и интероперабилен одбранбен систем.

    Соговорниците разговараа и за важноста на Балканот во контекст на европската безбедност, при што беше истакнато значењето на инфраструктурната и логистичката поврзаност, како и на цивилно-воената координација за унапредување на сојузничката подготвеност и мобилност.

    Во разговорот беше посочено и значењето на Армискиот полигон Криволак, како еден од клучните капацитети за реализација на големи сојузнички вежби, што дополнително го зацврстува придонесот на македонската армија во рамки на Алијансата.

    Адмиралот Викоф го нагласил придонесот и глобалната одговорност што државата ја демонстрира со своето учество во повеќе мировни мисии предводени од НАТО, посочувајќи дека со својата географска положба нашата држава е важна точка за источното крило на Алијансата.

    Соговорниците размениле мислења и за актуелните безбедносни предизвици, вклучително и последиците од војната во Украина и состојбите на Блискиот Исток, при што беше истакната потребата од единство, подготвеност и засилена соработка меѓу сојузниците.

    Претседателката Сиљановска-Давкова ја потврдила целосната посветеност на државата кон заедничките вредности и цели на Алијансата, како и кон придонесот во колективната безбедност и стабилност на НАТО.

    Previous ArticleМакедонската кинематографија со бројни активности во Кан
    Next Article Поништена набавката за електрични автобуси

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.