Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Рударското лоби ја загрозува приватната сопственост, тврди Левица и бара поништување на измените на Законот за минерални суровини
    Политика

    Рударското лоби ја загрозува приватната сопственост, тврди Левица и бара поништување на измените на Законот за минерални суровини

    27/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што информираше денеска пратеникот Сашко Јанчев, причина за поднесување на иницијативата е тоа што, со, како што ги нарекува тој, спорните измени, се отвора можност рударски активности да започнат уште пред да биде завршена постапката за експропријација, што според Левица претставува сериозен правен и уставен проблем.

    Јанчев објаснува дека постапката за експропријација претставува правен механизам со кој државата, во случај на јавен интерес, формално го откупува приватниот имот, по што истиот преминува во државна сопственост. Според него, дозвола за експлоатација пред завршување на оваа постапка значи навлегување во туѓа приватна сопственост.

    „На пример, доколку некој поседува земјиште што се граничи со рударска концесија, а рударското лоби има сознанија дека на тоа земјиште постои руда што сака да ја експлоатира, во таков случај, според новите измени, постои можност да се добие дозвола за ископување на тоа земјиште. Во таква ситуација, надлежните институции би можеле да издадат дозвола за вршење рударски активности, иако претходно не се целосно завршени имотноправните постапки, вклучително и експропријацијата. Вообичаено, секое лице или субјект што сака да интервенира на одредена недвижност мора претходно да ги има уредено сите имотноправни односи. Според последните измени на Законот за минерални суровини, рударските компании, односно рударското лоби, би можеле да се најдат во поповолна положба во однос на останатите субјекти. Таквото законско решение, според оценките, може да создаде ризик од сериозно загрозување на правото на приватна сопственост и личниот имот на граѓаните“, изјави Јанчев.

    Претходно, Бојан Стојаноски пратеник од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, „бранјеќи“ ги предложените законски измени изјави дека измените овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

    „Важно е да се потенцира дека експропријацијата не е нов механизам, таа е веќе уредена со закон и се применува со јасно утврдени правила и заштита на правата на граѓаните. Со ова решение, не се укинуваат имотно-правните односи, туку се овозможува поефикасно усогласување на постапките за проекти од стратешко државно значење, или поврзување со постапката за експропријација. Во постапка за добивање дозвола за експлоатација, како доказ може да се користи и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво за проекти од јавен интерес. Прецизирање на постапките, не нивно олеснување. Измените имаат за цел да ги отстранат практичните административни пречки и да овозможат поефикасна реализација на проекти од јавен интерес, без да се менуваат суштинските услови“, изјави во април месец Стојаноски.

    Previous ArticleОдбележување на Светскиот ден на мултипла склероза, лани во земјава регистрирани нови 115 пациенти
    Next Article Филипче бара референдум на кој граѓаните ќе одлучат за влез на Македонија во ЕУ

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.