Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за два
денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари за литар. Од ноќеска на полноќ литар БС-95 ќе чини 86 денри, а БС-98, 88 денари, а литар дизел ќе се продава за 87 денари.
Како што информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, со најновата одлука се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за 1,50 денари, кое ќе чини 89 денари, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 денари за килограм и ќе се продава за 47,297 денари.
„Регулаторната комисија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на
нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 1.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 3,175%, кај дизелот има зголемување за 3,367%,
кај екстра лесното масло има зголемување за 2,386% и кај мазутот има намалување за 1,488 %“, посочуваат од РКЕ.
