Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Не загревајте храна по неколку пати и пијте флаширана вода ако прв пат одите на некое место
    Македонија

    Не загревајте храна по неколку пати и пијте флаширана вода ако прв пат одите на некое место

    08/06/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Салмонелоза, алиментарна интоксикација, инфекции со ешерихија коли, шигелоза (дизентерија), се најчестите заболувања кои се пренесуваат преку храна и вода вотоплите периоди од годината, кога високите температури го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции. Заболувањата кои се пренесуваат преку храна и вода всушност настануваат после внесување во организмот на човекот, храна или вода која е контаминирана со инфективни или токсични агенси. Во речиси 90 отсто од случаите, овие заболувања ги предизвикуваат бактерии, но можат да бидат предизвикани и од други инфективни агенси (вируси, паразити).

    „Кога температурите се повисоки ентеровирусите се поактуелни – шигела која предизвикува болест дизентерија, типови на ешерихија коли, како и протозои. При патување се јавува и дијареа патници, посебно поради водата. На пример, локалците во Охрид си ја пијат таа вода од нивниот водовод и таа ешерихија кои не предизвикува кај нив ништо. Но, ако некој дојде од надвор и ја пие за прв пат, може да се случи проблем, најчесто дијареа. Би требало сегде кај што се оди прв пат, да се користи флаширана вода“, вели проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и професор на Медицинскиот факултет.

    Тој нагласува дека исто така треба да се внимава со пиењето вода од чешма во помали населени места.

    „Води од бунари може да се загадени, односно да се измешани со отпадни води. Затоа треба да се избегнува пиење. После поројни дождови исто така треба да се внимава, таа вода понира внатре и тогаш може да се измеша со водата за пиење. Повеќе тос се случува во пролет и на есен, тоа се хидрични епидемии“, додава Пановски.

    Што се однесува до храната, тој вели дека таа треба термички да се третира, но и да не се остава да стои на топло.

    „Веќе зготвена храна треба да не се стоплува повеќе пати. На пример, спанаќ не треба да се одгрева неколку пати бидејќи испушта токсини“, додава Пановски.

    Најосетливи на труење со храна се децата, повозрасните лица, трудниците и лицата со ослабен имунитет. Најчести симптоми кои може да се јават после консумирање храна и вода со сомнителна здравствена исправност се повраќање, проливи, покачена телесна температура, главоболка и  вртоглавица, нарушена ресорпција на хранливи материи, болки и грчеви во стомакот, како и придружни инфекции на други органи.

    И во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) предупредуваат дека чувањето на веќе подготвената храна на собна температура, посебно во топлите летни месеци, овозможува брзо размножување на инфективните агенси и лачење на нивни токсини и е најчеста причина за настанување на заболувањата кои се пренесуваат преку храна.

    „Во летните месеци и во ситуации кога има нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем пратен со повремен недостаток на чиста вода, се зголемува ризикот од појава и ширење на болести кои се пренесуваат преку загадена храна и вода. Високите температури ја забрзуваат контаминацијата и размножувањето на микроорганизмите, а недостигот на чиста вода ја отежнува личната хигиена, подготовката и чувањето на храната“, се наведува во препораките за превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода и храна.

    Во однос на препораките, треба да се мијат раце пред земање храна и во тек на подготвување на храна.

    „Мијте ги рацете после одење во тоалет. Одржувајте ги чисти работните површини каде што приготвувате храна. Заштитете го просторот во кујната и храната од инсекти, животни и други штетници. Не консумирајте сирова, термички непреработена храна од животинско потекло (месо и производи од месо, млеко и млечни производи, јајца). Термичката обработка на храната да биде доволно долга и на доволно висока температура за да ги уништи бактериите и нивните токсини. При подгревање на храната, темелно да се загрее. Да се избегнува подготвување и консумација на храна од свежи, термички непреработени животински намирници (кремови, сладоледи, крем сирења). Обработката на сирова, термички непреработена и термички обработена храна да се врши на различни работни површини, со различен прибор и во различни садови. Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под силен млаз вода – пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се излупени“, се наведува во препораките од ИЈЗ.

    Previous ArticleМаалски фестивал 5.0: на 11, 12 и 13 јуни 2026 година во КСП Центар – Јадро и во Паркот на Франкофонија
    Next Article Цената на бензините се намалува за два денари, дизелот ќе поскапи за 1,5 денари

    Поврзани вести

    Татјана Стојановска од Канал 5 преминува во Алфа, Јанко Илковски се приклучува на „Колегиум“

    22/10/2026

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    22/10/2026

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.