Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

    (Видео) Кети Пери на концерт се пошегува со поранешните, па прифати повик од Џастин Трудо

    Изгрејсонце низ карпестиот процеп: Посетители ја следеа летната долгодневица на Кокино

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Започна електронскиот упис во средно, учениците и годинава ќе ги носат оригиналните документи на увид
    Македонија

    Започна електронскиот упис во средно, учениците и годинава ќе ги носат оригиналните документи на увид

    12/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Деветтоодделенците од денеска електронски се пријавуваат за упис во средно образование за учебната 2026/2027 година. Согласно конкурсот, пријавувањето се одвива преку порталот uslugi.gov.mk, со корисничките имиња на schools.mk, каде што учениците треба да ги прикачат скенирани или фотографирани документите за упис, односно свидетелствата од 6 до 9 одделение, додатоците на свидетелства како и извод од матична книга на родени.

    Како и изминатите две години и овојпат и покрај електронското пријавување, учениците ќе мораат и физички да ги достават оригиналните хартиени документи во училиштата во кои аплицираат. Ова значи дека надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) не успеале целосно да го дигитализира процесот на пријавување, иако минатата голдина лани имаше најави дека се прават напори во врска со тоа.

    Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според Конкурсот на МОН, првото е од полноќ на 12 јуни до полноќ на 15 јуни, а второто пријавување е на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување, на 20 август.

    Покрај личните податоци и внесување на документите, секоја оценка по секој предмет, впишана во секое свидетелство од 6 до 9 одделение, треба рачно да се внесе во апликацијата. Откако завршува се, во самата апликација пишува колку бодови има кандидатот врз основа на внесените податоци.

    Со конкурсот годинава се предвидени  над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.

    Previous ArticleМНТ ја доби главната награда Гран При за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
    Next Article Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни, во Градскиот парк во Скопје

    Поврзани вести

    Под слоганот „Сите нека знаат“, Скопје маршираше за видливост, права и слобода

    20/06/2026

    Парада на гордоста попладне во Скопје

    20/06/2026

    Македонец што летувал на Малдиви се вратил со зика вирус

    19/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

    (Видео) Кети Пери на концерт се пошегува со поранешните, па прифати повик од Џастин Трудо

    Изгрејсонце низ карпестиот процеп: Посетители ја следеа летната долгодневица на Кокино

    Само во Калчото: Ковчегот со телото на славниот капитен, на стадион!(ФОТО+ВИДЕО)

    НАЈЧИТАНИ

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026

    Потпишан договор за изградба на атмосферска канализација во Пехчево – следува и целосна реконструкција на улиците

    18/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.