Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија

    Осум години Преспански договор, спорен компромис со оспорен национален идентитет

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Димитровски: Македонија се соочува со сериозни дезинформациски активности кои доаѓаат од Бугарија
    Политика

    Димитровски: Македонија се соочува со сериозни дезинформациски активности кои доаѓаат од Бугарија

    16/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На дискусијата учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки за членство во Европската Унија, при што беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамките на Европскиот штит за демократија, како и придобивките од заедничките активности за зајакнување на демократската отпорност.

    Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со заштитата на интегритетот на информацискиот простор, зајакнувањето на демократските институции, слободните и фер избори, независните медиуми, како и зголемувањето на општествената отпорност и граѓанското учество.

    Во своето обраќање, Димитровски ја поздрави иницијативата за воспоставување на Европскиот штит за демократија и Европскиот центар за демократска отпорност, оценувајќи дека тие претставуваат важен чекор во зајакнувањето на демократските институции, заштитата на изборните процеси и справувањето со странското влијание и хибридните закани.

    Тој истакна дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, со потенцијал да создадат поларизација, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите.

    Димитровски посочи дека Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО, е сѐ повеќе изложена на дезинформациски кампањи, сајбер закани и координирани операции за влијание, поради што државата презема конкретни мерки за јакнење на својата отпорност. Притоа, ги истакна сите мерки и напори што ги превзема Владата во овој сектор.

    „Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат за цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството“, нагласи Димитровски. Во овој контекст посочи дека остануваме цврсто посветени на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина.

    Тој ја потврди подготвеноста на нашата земја, активно да придонесува во заедничките европски напори за спречување на странско мешање и хибридни закани, во согласност со демократските вредности, човековите права, слободата на изразување и владеењето на правото.

    Previous ArticleВајц: Западен Балкан продолжува да биде поле за играње на странски сили
    Next Article Влен: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата

    Поврзани вести

    Осум години Преспански договор, спорен компромис со оспорен национален идентитет

    17/06/2026

    Димитриевски: ЗНАМ влезе во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред

    17/06/2026

    Муцунски денеска во работна посета на Даблин, Ирска

    17/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија

    Осум години Преспански договор, спорен компромис со оспорен национален идентитет

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    Врнежи сè помалку, ризикот од суша најголем во Скопската и Штипската котлина и Овчеполието

    НАЈЧИТАНИ

    Муцунски од Истанбул: Соработката и економскиот развој се предуслов за просперитет на регионот

    13/06/2026

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    17/06/2026

    Со изјава кај матичниот доктор секој ќе може да се изјасни дали сака да биде дарител на органи

    17/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.