Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Филипче подготвува нови национални отстапки за да дојде на власт

    „ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

    Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе ги позајмат гласовите за анимираниот филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом”

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Димитровски: Се соочуваме со дезинформации и хибридни закани од медиуми поврзани со источниот сосед
    Македонија

    Димитровски: Се соочуваме со дезинформации и хибридни закани од медиуми поврзани со источниот сосед

    16/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО, е сѐ повеќе изложена на дезинформациски кампањи, сајбер закани и координирани операции за влијание, поради што државата презема конкретни мерки за јакнење на својата отпорност, изјави заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, на состанокот на Советот на Европската Унија за општи работи во Луксембург, посветен на иницијативата „Европски штит за демократија“.

    Во своето обраќање, Димитровски ја поздрави иницијативата за воспоставување на Европскиот штит за демократија и Европскиот центар за демократска отпорност, оценувајќи дека тие претставуваат важен чекор во зајакнувањето на демократските институции, заштитата на изборните процеси и справувањето со странското влијание и хибридните закани.

    Тој истакна дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, со потенцијал да создадат поларизација, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите.

    “Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат за цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството”, нагласи Димитровски.

    Во овој контекст, тој посочи дека остануваме цврсто посветени на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина. Димитровски ја потврди подготвеноста на нашата земја, активно да придонесува во заедничките европски напори за спречување на странско мешање и хибридни закани, во согласност со демократските вредности, човековите права, слободата на изразување и владеењето на правото.

    На дискусијата учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки за членство во Европската Унија, при што беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамките на Европскиот штит за демократија, како и придобивките од заедничките активности за зајакнување на демократската отпорност. Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со заштитата на интегритетот на информацискиот простор, зајакнувањето на демократските институции, слободните и фер избори, независните медиуми, како и зголемувањето на општествената отпорност и граѓанското учество.

    Previous ArticleДодека вработените го тужат врховниот суд за 70 илјади евра ревизијата откри сериозен недостиг на кадар на судии
    Next Article АНАЛИЗА: За пет месеци реализација на капитални расходи од 38,5 отсто – кај дел од министерствата „лазечко“ темпо

    Поврзани вести

    „Стоп за Усје“: Новата дозвола содржи лимити само за три загадувачи, кои се многу повисоки од дозволените во ЕУ

    24/06/2026

    Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Филипче подготвува нови национални отстапки за да дојде на власт

    „ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

    Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе ги позајмат гласовите за анимираниот филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом”

    „Стоп за Усје“: Новата дозвола содржи лимити само за три загадувачи, кои се многу повисоки од дозволените во ЕУ

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026

    ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за клима уреди и топлински пумпи

    20/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.