Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Во вторник втор рок за упис во средно образование, слободни се 11 882 места

    Истрага за полов напад врз малолетно девојче во Штип

    Предложени мерки во два случаи на семејно насилство во Скопје

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»Централните банки на Македонија и Кина ќе разменуваат искуства за монетарната политика и дигитализацијата
    Економија

    Централните банки на Македонија и Кина ќе разменуваат искуства за монетарната политика и дигитализацијата

    11/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, остварил билатерална средба со гувернерот на Народната банка на Кина, Пан Гонгшенг, во рамките на меѓународен симпозиум организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, што се одржа во Шангај.

    На средбата двајцата гувернери размениле мислења за актуелните глобални економски и финансиски движења, како и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на зголемена неизвесност во меѓународната економија. Разговорите опфатиле и прашања поврзани со спроведувањето на монетарните политики и мерките за одржување на финансиската стабилност.

    Според информациите од Народната банка, посебно внимание било посветено на трговските и финансиските односи меѓу Северна Македонија и Кина. Во таа насока биле разгледани можностите за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на институционалната соработка меѓу двете централни банки.

    Соговорниците ја истакнале и долгогодишната традиција на пријателски односи меѓу двете земји, при што била изразена подготвеност за продолжување и зајакнување на дијалогот, како и за размена на искуства во области од заеднички интерес.

    На средбата станало збор и за можностите за соработка во процесите на дигитална трансформација на финансискиот сектор, подобрувањето на финансиската вклученост и јакнењето на институционалните капацитети преку размена на знаења, експертиза и добри практики.

    Славески и Гонгшенг се согласиле дека постои значителен потенцијал за натамошно продлабочување на соработката меѓу Народната банка и Народната банка на Кина во наредниот период.

    Previous Article“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)
    Next Article Никола Ристановски прогласен за најдобар актер на фестивалот „Петар Кочиќ“ во Бања Лука

    Поврзани вести

    Британската економија се намалила за 0,1 отсто во април поради војната во Иран

    12/06/2026

    Медиумите ги објавија имињата на млекарите кај кои АХВ откри сериозни отстапувања – пронајдени само 1 отсто

    01/06/2026

    Министерството за правда воведува „фонд против вооружување“ од речиси 1,8 милијарди долари како дел од спогодбата на Трамп со СВП

    19/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Во вторник втор рок за упис во средно образование, слободни се 11 882 места

    Истрага за полов напад врз малолетно девојче во Штип

    Предложени мерки во два случаи на семејно насилство во Скопје

    (Видео) Род Стјуарт колабира на сцена, концертот го доврши седејќи на столче

    НАЈЧИТАНИ

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026

    Потпишан договор за изградба на атмосферска канализација во Пехчево – следува и целосна реконструкција на улиците

    18/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.