Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Владата утре ќе одлучува за ребалансот на Буџетот

    Утре на владина седница ќе се разгледува ребалансот на буџетот, зголемен дефицитот за инвестиции

    Премиерот најави колку ќе поевтинат горивата 15 минути пред РКЕ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Утре протест против Усје, Хоџа вели новата дозвола за работа ќе биде по европски стандарди
    Македонија

    Утре протест против Усје, Хоџа вели новата дозвола за работа ќе биде по европски стандарди

    22/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ утре во Скопје ќе организира протест против Цементарницата Усје. Во моментов во тек е обновата на А-интегрираната дозвола за капацитетот, за која активистите велат дека нема да ги следи европските стандарди, како што најавија од Министерството за животна средина. Од „Стоп за Усје“ посочуваат дека цементарницата бара работењето со новата дозвола да биде според досегашните стандарди, утврдени пред дваесетина години.

    „Усје бара продолжување на загадувањето по застарени стандарди. Наместо усогласување со европските стандарди и најдобрите достапни техники, компанијата бара да продолжи да работи со истите гранични вредности за загадување од 2007 година. Во барањето нема конкретни мерки за намалување на емисиите, а предлозите на граѓанското општество се игнорирани. Со вакво барање, Усје практично бара да продолжи да ги труе скопјани со застарени стандарди кои не одговараат на европските норми. МЖСПП не смее да усвои неусогласена и незаконска дозвола. Наместо тоа, мора да ги вгради предлозите на граѓанското општество и да обезбеди усогласување со најдобрите достапни техники, за да се заштити здравјето на граѓаните и квалитетот на воздухот во Скопје“, посочуваат граѓанските активисти.

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, пак, тврди дека цементарницата нема да добие дозвола по старите стандарди.

    ,,По барање на МЖСПП, Усје уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола. Со оглед на тоа што по 2027 година сите дозволи ќе мора да се ревидираат, логично е секое тековно обновување да се врши според идните, повисоки критериуми за заштита на амбиенталниот воздух и околината,“ вели Хоџа.

    Тој информира дека институционалниот рок за увид во барањето за дозвола за УСЈЕ сè уште тече, барањето за дозвола е објавено на 22 мај на веб-страницата на Министерството и доставено до Општина Кисела Вода и Град Скопје, а законскиот рок за поднесување забелешки завршува денеска.

    „Во првата недела од јули ќе се одржи јавна расправа на територијата на Општина Кисела Вода, каде што е лоцирана фабриката. Заради целосна транспарентност, Министерството јавно ќе го објави целиот записник. Протестот е загарантирано уставно право кое јас секогаш ќе го поддржам, но во овој случај има јасна законска процедура. Имаме отворен дијалог и претстојна јавна расправа, ги повикувам сите граѓани и активисти активно да се вклучат “, потенцираше Хоџа.

    Протестот ќе започне во 18 часот пред Собранието и ќе се движи до Министерството за животна средина.

    Previous ArticleЗа 20 отсто лани пораснал бројот на повреди на работно место, индустријата и рударството се најризични сектори
    Next Article Над 160 здравствени работници ќе се обучуваат за препознавање и пријавување корупција

    Поврзани вести

    Утре на владина седница ќе се разгледува ребалансот на буџетот, зголемен дефицитот за инвестиции

    22/06/2026

    Премиерот најави колку ќе поевтинат горивата 15 минути пред РКЕ

    22/06/2026

    Над 160 здравствени работници ќе се обучуваат за препознавање и пријавување корупција

    22/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Владата утре ќе одлучува за ребалансот на Буџетот

    Утре на владина седница ќе се разгледува ребалансот на буџетот, зголемен дефицитот за инвестиции

    Премиерот најави колку ќе поевтинат горивата 15 минути пред РКЕ

    Над 160 здравствени работници ќе се обучуваат за препознавање и пријавување корупција

    НАЈЧИТАНИ

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026

    ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за клима уреди и топлински пумпи

    20/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.