Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Законот за казина причина за судир меѓу невладините организации и Владата
    Македонија

    Законот за казина причина за судир меѓу невладините организации и Владата

    19/06/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Граѓанските организации ги повикуваат пратениците да не ги поддржат предложените измени на Законот за игрите на среќа и забавните игри, со кои од законското решение се исклучени граѓанските организации, организациите на лицата со посебни потреби и Црвениот крст како организации кои можат да користат средства за работа со ранливите категории, пишува Порталб.мк.

    Преку една реакција организациите велат дека ова не е само техничка измена, туку сериозен преседан кој може да има долгорочни последици за граѓанското општество, заштитата на ранливите категории и демократијата во Македонија.

    „Со децении, граѓанските организации обезбедуваат директна поддршка за лица со попреченост, жртви на семејно и родово базирано насилство, стари и изнемоштени лица, деца, млади, жени, Роми и други лица и заедници во ранлива положба. Тие работат на терен, во заедниците, во советувалишта, дневни центри, шелтер-центри и други услуги каде што граѓаните најмногу имаат потреба од поддршка”, се вели во реакцијата.

    Од таму истакнуваат дека со предложените измени се отвора ризик средствата наменети за ранливи категории да се распределуваат без јасни, транспарентни и отчетни критериуми, без гаранција дека ќе стигнат до организациите кои имаат искуство, стручност, лиценцирани услуги и директна работа со граѓаните.

    „Доколку постојат слабости во досегашниот систем на распределба на средствата, решението не е бришење на граѓанските организации од законот. Решението е подобар, потранспарентен и поотчетен систем: јавни повици, јасни критериуми, независна евалуација, редовен мониторинг и објавување на резултатите од финансираните програми. Затоа, ги повикуваме да пратениците да побараат јавно и јасно образложение од предлагачите на законот: која е причината граѓанските организации, националните инвалидски организации и Црвениот крст да се избришат од законското решение”, велат од граѓанските организации.

    Од таму истакнуваат дека бришењето на граѓанскиот сектор од законите е опасен сигнал, бидејќи го отвора прашањето дали во Македонија се појавуваат практики кои го стеснуваат просторот за граѓанско дејствување и ја оддалечуваат земјата од демократските стандарди и европскиот пат.

    „Демократските држави не го исклучуваат граѓанското општество од системот. Напротив, тие го препознаваат како партнер, коректив и носител на услуги за граѓаните. Европскиот пат на Македонија подразбира транспарентност, јавна расправа, учество на граѓаните во креирањето политики и заштита на независното граѓанско дејствување. Пратениците имаат одговорност не само да гласаат за законски текстови, туку и да ја заштитат демократијата, јавниот интерес и правата на граѓаните кои најмногу зависат од поддршка”, се вели во реакцијата.

    Ние, Мрежата за заштита од дискриминација, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост, Македонската платформа против сиромаштија бараме од пратениците:

    • Да не ги поддржат предложените измени во оваа форма.
    • Да побараат повлекување или измена на предложениот текст, со цел граѓанските организации, националните инвалидски организации и Црвениот крст да останат јасно препознаени во законот како организации што можат да добиваат и спроведуваат средства наменети за ранливи категории.
    • Да организираат јавна расправа и консултации со граѓанските организации, мрежите, националните инвалидски организации, организациите што работат со жртви на насилство, Црвениот крст и другите релевантни чинители.
    • Да се заложат за транспарентен и отчетен механизам за распределба на средствата, заснован на јавни повици, јасни критериуми, докажана експертиза, квалитет на услугите и реалните потреби на граѓаните.

    „Ова прашање не смее да се гледа како партиско прашање. Ова е прашање на демократија, владеење на правото, транспарентност, европски вредности и заштита на најранливите граѓани. Ги повикуваме пратениците да застанат на страната на јавниот интерес. Ги повикуваме пратениците да ја заштитат улогата на граѓанското општество. Ги повикуваме пратениците да не дозволат граѓанските организации да бидат избришани од законите. Ги повикуваме пратениците да ја заштитат демократијата во Македонија“, се вели меѓу другото во реакцијата.

    Во меѓувреме, вчера, на ссостанокот на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, беше задржан ставот дека граѓанските организации се исклучени од процесот на консултации од страна на Министерството за финансии (нацрт-законот не е објавен во ЕНЕР, а за процесот бевме информирани од Собранието).

    „За ова ќе биде испратено официјално писмо, а потоа Советот ќе реагира пред Собранието со барање за интервенција преку амандмани“, велат од граѓанските организации.

    Оттаму алармираат дека нацрт-законот не е објавен во ЕНЕР за јавни консултации, ниту пак е испратен до Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, иако некои од неговите одредби директно ги засегаат граѓанските организации.

    Потсетуваме дека овој нацрт-закон постојано се одолговлекуваше, првично откако беше доставен до Собранието на 7 август 2025 година по согласноста од Владата на 16 јули 2025 година, речиси една година подоцна, во април 2026 година, беше повлечен за допрецизирање, а потоа повторно беше одобрен на 12 мaj  од страна на Владата. Во меѓувреме, Собранието го помина на првото читање на 11 јуни.

    Previous ArticleИзложби и концерти во Отворено графичко студио во Музеј на Град Скопје
    Next Article Кичево, како регион зависен од јаглен, мора поактивно да се вклучи во енергетската трансформација

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.