Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Димитриевски за владината реконструкција: До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Димитриевски за владината реконструкција: До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса
    Политика

    Димитриевски за владината реконструкција: До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса

    27/06/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Одоговорајќи на новинарско прашање какви понуди добиле и дали можеби би се согласиле на замена на кадрите во министерствата со кои раководат, Димитриевски рече дека има многу предлози и размислувања, индивидуални и партиски. Според него, кога се разговара во политиката, сите опции се на маса. Повтори и дека треба да се почека да се случи конечниот договор.

    „Ние како владини партнери, а слушам и Влен исто така, како третиот партнер во власта, сè уште немаме постигнато конечен договор. Јас можам да говорам исклучиво во името на ЗНАМ, неговите членови, поддржувачи и сите негови кадри“, истакна Димитриевски.

    ​На прашањето, дали е прифатлива размената на ресорите земјоделство со правда,  Димитриевски одговори дека сè уште нема такви предлози на маса и дека не би сакал да шпекулира.

    ​ЗНАМ е секогаш подготвен, нагласи, во интерес на поголем просперитет на државата и подобра благосостојба на граѓаните, да дава поддршка на Владата и владината програма, не водејќи се притоа од клиентелистички пристап да инсталира свои кадри во власта.

    „Но, од друга страна, секогаш е потребно да преземете дел и од одговорноста во власта. И едно можам со сигурност да потврдам – дека по оваа владина реконструкција, ЗНАМ ќе биде посилен и кадровски и со потенцијал и во дел на располагање на директна имплементација на власта во ресорни министерства и пониски ешалони на власта. Ги отфрлам сите шпекулации што доаѓаат првенствено од портали што се директно брифирани и за жал, некои од нив служат како апологети на опозицијата, којашто нè донесе во една тешка ваква социо-економска состојба во државата, а исто така и граѓаните. И велам – ајде да почекаме и да го видиме конечниот епилог“, порача Димитриевски.

    Во однос на шпекулациите дека ЗНАМ би можел да остане без едно министерство или да добие друг ресор, рече дека „сите опции се на маса“, но дека сè уште нема конечен договор.

    „Многу понуди се на маса, ќе изброиме до три, а потоа ќе пресечеме и конечниот епилог ќе го имаме во вторник. А јас, инаку и со господинот Минчев и со господинот Филков и со сите луѓе со коишто заедно ја создадовме ЗНАМ, првенствено сме другари, лични пријатели и обединети околу една заедничка кауза, а тоа е Движењето ЗНАМ за наша Македонија, коешто е формирано од граѓаните и за граѓаните. Бидејќи нам, личниот и политичкиот интерес ни е многу помалку битен во однос на она што значи граѓански и општ интерес за сите. Не би сакал да ги коментирам шпекулациите во јавноста. Постојат многу медиуми што брифираат врз база на принципот „рекла-кажала“ и не би сакал да се спуштам на тоа ниво“, одговори тој.

    Димитриевски посочи дека апсолутно се задоволни од работата на двајцата министри од ЗНАМ и на сите нивни претставници во пониските ешалони на власта. Притоа додаде дека резултатите во двете ресорни министерства каде што работат кадрите на ЗНАМ, се видливи.

    „Тоа впрочем го потврди и господинот Кошта како висок претставник на Европската Унија, којшто на неговиот брифинг токму со вас укажа дека и тоа како се забележливи резултатите на нашите министри. Но, како и да е, сепак политиката е компромис, разговори, договарање. Ние сме соочени со реконструкција на Владата и првенствено, сите активности во тој дел се менаџирани од страна на премиерот и мандатарот, којшто има апсолутно свое право да посочи, укаже, да направи одредени комбинаторики во делот на распределбата на власта помеѓу владините партнери, а наше е дали ќе се согласиме со тоа или не“, нагласи Димитриевски

    Се прават, додаде, и анализи на се што е сработено.

    „Не можете да бидете секогаш субјективни. Треба да го дадете и вашето мислење за останатите ресори со коишто менаџираат останатите претставници во власта коишто доаѓаат од владините партнери, а да го слушнете и нивното мислење во однос на вас, за да не преовлада субјективизмот. Како и да е, ние сме задоволни од министрите коишто менаџираат со ресорите во моментот“, нагласи Димитриевски.

    Во однос на имињата кои ќе бидат предложени, Димитриевски рече дека тој е само предлагач, а конечната одлука ја носи највисокиот орган на партијата, а тоа е Централниот одбор помеѓу двата конгреса, а во овој случај дополнително и Извршниот одбор на партијата.

    „И тоа ќе почекаме до вторник да видиме кои ќе бидат одлуките“, додаде тој.

    Според Димитриевски, ЗНАМ како нов политички субјект, којшто активно партиципира во власта и ја има усогласено владината програма на којашто работи во рамките и на двете министерства, но и во пониските ешалони на власта, дава сериозен придонес оваа Влада да работи квалитетно и просперитетно и перспективно.

    „Факт е дека оваа Влада, работите првенствено ги враќа на позитивна нула, а потоа ги придвижува напред. Затекнавме многу лоша состојба во државата од сите аспекти и факт е дека мора да санираме, а потоа и да продолжиме“, нагласи Димитриевски пред почетокот на панелот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, рече Димитриевски.

    Previous ArticleСекој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    Поврзани вести

    ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и ДУИ не им е јасно дека реформите се за граѓаните, а не за партиите

    27/06/2026

    МНР на Бугарија сепак ќе проверува како нотата за патувањето на семејството на Мицкоски излегла во јавноста

    27/06/2026

    Мицкоски за најавената реконструкција: Се менуваат и ресори и приоритети

    26/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Димитриевски за владината реконструкција: До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и ДУИ не им е јасно дека реформите се за граѓаните, а не за партиите

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026

    Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево

    26/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.