Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Фото) Сопругата на капитенот на ДР Конго привлекува внимание на Светското првенство

    Претстава, изложба и концерт на Скопско лето

    Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, 96 отсто се во приватна сопственост

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Гаши од Тбилиси: Справувањето со предизвиците бара колективен напор и солидарност
    Политика

    Гаши од Тбилиси: Справувањето со предизвиците бара колективен напор и солидарност

    30/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што соопшти собраниската прес-служба, на свеченото отворање на Генералното собрание, Гаши се обратил со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Македонија кон регионалната соработка и евроатлантската интеграција. Во своето обраќање, Гаши нагласил дека регионот на Црното Море претставува витален коридор за поврзување, трговија и меѓународни контакти.

    Тој посочил дека овој регион е богат со историја, култура и потенцијал, но исто така се соочува со бројни предизвици кои бараат колективен напор и солидарност и оти без разлика дали станува збор за економски развој, безбедност, заштита на животната средина или општествена кохезија, заедничката иднина зависи од силата на соработката и врските кои ги градиме денес.

    „Претседателот Гаши особено ја потенцираше важноста од инклузивноста и рамноправното учество на сите чинители во регионалниот дијалог, нагласувајќи дека само преку сеопфатен и инклузивен пристап може да се постигне одржлив развој и општествена хармонија. Во таа насока, тој ја потврди непоколебливата определба на Северна Македонија кон интеграцијата во ЕУ, оценувајќи го членството во Европската Унија и НАТО не само како стратешки избор туку и како суштинска патека за зајакнување на суверенитетот, безбедноста и просперитетот на земјата“, пишува во соопштението.

    Во говорот тој исто така потенцирал дека земјите на регионот, и покрај разликите, делат заеднички интереси и стремежи за живеење во мир, економско унапредување и подобра иднина за своите граѓани, особено за помладите генерации.

    Покрај учеството на Генералното собрание на ПАБСЕК, Гаши реализирал и официјална билатерална посета на Тбилиси по покана на претседателот на Парламентот на Грузија. Во рамките на оваа посета, се очекува двајцата претседатели на парламентите да разменат ставови за актуелните прашања поврзани со регионалната безбедност, парламентарната дипломатија и перспективите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

    Previous ArticleСе одложува предавањето на Алиса Жулина на КРИК фестивал
    Next Article Сточарите од делчевско на протест, шеснаесет месеци не им се исплатени субвенции

    Поврзани вести

    За СДСМ реконструкцијата на Владата е козметичка промена, тврдат дека ќе има предвремени избори

    01/07/2026

    Зајкова: Без отворени листи и една изборна единица нема вистинска изборна реформа

    01/07/2026

    СДСМ со 10.000 амандмани против Изборниот законик, Мицкоски повика на договор

    29/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Сопругата на капитенот на ДР Конго привлекува внимание на Светското првенство

    Претстава, изложба и концерт на Скопско лето

    Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, 96 отсто се во приватна сопственост

    За СДСМ реконструкцијата на Владата е козметичка промена, тврдат дека ќе има предвремени избори

    НАЈЧИТАНИ

    Од 1 јули стапува на сила забраната за движење низ шумите

    26/06/2026

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Сточарите од делчевско на протест, шеснаесет месеци не им се исплатени субвенции

    30/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.