Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Фото) Сопругата на капитенот на ДР Конго привлекува внимание на Светското првенство

    Претстава, изложба и концерт на Скопско лето

    Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, 96 отсто се во приватна сопственост

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Лишена од слобода професорка на УГД, осомничена дека зела 300 евра за испит
    Македонија

    Лишена од слобода професорка на УГД, осомничена дека зела 300 евра за испит

    30/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

     

    Полициски службеници од СВР Штип на 29 јуни 2026 година ја лишиле од слобода 39-годишната Т.А. од Штип, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Според МВР, случајот бил пријавен претходно на 22 јуни 2026 година од 26-годишен државјанин на Турција со привремен престој во Штип, кој е студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Тој пријавил дека Т.А. побарала 300 евра за да му овозможи да положи испит што требало да го полага на 29 јуни.

    Во координација со Основното јавно обвинителство Штип биле преземени мерки, при што на студентот му биле предадени три крим-технички обработени банкноти од по 100 евра. Како што соопшти полицијата, Т.А. била лишена од слобода веднаш по приемот на парите.

    Таа е задржана во полициска станица, а парите се одземени. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    Од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип соопштија дека во академската заедница нема место за злоупотреба на службена положба, но додаваат дека ниту еден систем не е целосно имун на поединечни случаи на коруптивно однесување.

    „За жал, ниту еден систем не е целосно имун на поединци кои се подготвени да го прекршат законот и да ја злоупотребат довербата што им е укажана. Токму затоа целосно ги поддржуваме активностите на надлежните институции во борбата против корупцијата. Само со професионални, законити и неселективни постапки можат да се откријат, санкционираат и трајно да се отстранат ваквите појави од академскиот систем“, велат од УГД.

    Оттаму апелираат сите кои имаат сознанија за коруптивни дејствија да ги пријават преку постоечките универзитетски механизми и до надлежните институции, додавајќи дека пријавувањето треба да се врши без страв од последици.

    Previous ArticleСточарите од делчевско на протест, шеснаесет месеци не им се исплатени субвенции
    Next Article Зајкова: Без отворени листи и една изборна единица нема вистинска изборна реформа

    Поврзани вести

    Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, 96 отсто се во приватна сопственост

    01/07/2026

    Сточарите од делчевско на протест, шеснаесет месеци не им се исплатени субвенции

    30/06/2026

    „Врските“ се побрзи од правото, коруптивни практики има за побрз преглед кај специјалист или за операција без чекање

    30/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Сопругата на капитенот на ДР Конго привлекува внимание на Светското првенство

    Претстава, изложба и концерт на Скопско лето

    Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, 96 отсто се во приватна сопственост

    За СДСМ реконструкцијата на Владата е козметичка промена, тврдат дека ќе има предвремени избори

    НАЈЧИТАНИ

    Од 1 јули стапува на сила забраната за движење низ шумите

    26/06/2026

    Сточарите од делчевско на протест, шеснаесет месеци не им се исплатени субвенции

    30/06/2026

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.