Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Сточарите од делчевско на протест, шеснаесет месеци не им се исплатени субвенции
    Македонија

    Сточарите од делчевско на протест, шеснаесет месеци не им се исплатени субвенции

    30/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

     

    Сточарите од Здружението „Симентал“ од Делчево заедно со колеги од Источниот и Струмичкиот регион денеска протестираа барајќи, како што велат, итни мерки за заштита на домашното производство на млеко. Тие соопштија дека своите барања ги доставиле до подрачната канцеларија на Министерството за земјоделство со барање тие веднаш да бидат проследени до кабинетот на министерот, а за состојбата ги информирале и пратениците во Собранието.

    Оттаму наведуваат дека за јавноста би било несфатливо да постои вишок на млеко кога домашното производтво покрива само 60 отсто од потребите на пазарот, но како што тврдат, неконтролираниот увоз на пастеризирано млеко и млеко во прав од Србија е причината која создава дополнителен притисок врз домашните производители.

    „Млекарниците ги полнат капацитетите со увозна суровина, а врз домашниот фармер вршат брутални притисоци, закани со тужби и уцени, кратејќи ја откупната цена за цели 30 отсто“, велат од „Симентал“. 

    Фармерите порачаа дека довербата кон институциите е нарушена поради игнорирањето на нивните проблеми и притисоците со кои се соочуваат токму од институциите.

    „Поради ова, сакаме отворено да им порачаме на институциите: Верното гласачко тело, како што досега нè ословуваа нас фармерите, со овие притисоци и игнорирање сега е сериозно ставено во прашање“, велат од „Симентал“.

    Од здруженитето сметаат дека со ваквите постапки, оштетена е државата поради одливот на девизи, потрошувачите кои конзумираат производи со растителни масти без соодветна декларација за истата и фармерите кои се принудени да го намалат своето производство.

    Од „Симентал“ испратија итни и конкретни барања до Министерството за земјоделство. Меѓу барањата што ги доставија се итна исплата на субвенциите, за кои тврдат дека доцнат 16 месеци, засилени инспекциски контроли врз производството во млекарниците и воведување мерки за заштита на домашното производство, по примерот на политиките што, според нив, се применуваат во секторот за свинско месо.

    Тие исто така бараат да престанат и, како што тврдат, притисоците од млекарниците врз домашните производители, обвинувајќи дека преку селективно намалување на откупните цени се создава нерамноправна положба меѓу фармерите.

    Сточарите бараат итна средба со Владата и најавуваат дека, доколку во рок од 48 часа не биде започнат дијалог и не се преземат конкретни чекори, ќе организираат масовни протести и блокади на клучните патни сообраќајници низ државата.

    Previous ArticleГаши од Тбилиси: Справувањето со предизвиците бара колективен напор и солидарност
    Next Article Лишена од слобода професорка на УГД, осомничена дека зела 300 евра за испит

    Поврзани вести

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    23/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026

    За влез во Грција се чека и до еден час: Колони на граничните премини

    22/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.