Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Во Собранието почна надзорна расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик
    Македонија

    Во Собранието почна надзорна расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик

    06/07/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во Собранието денеска се одржува надзорна расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“.

    Расправата отвори спротивставени ставови меѓу власта и опозицијата околу тоа како се спроведува законот кој беше донесен со широк парламентарен консензус на почетокот на 2024 година.

    Министерот за култура и туризам во заминување, Зоран Љутков, рече дека спроведувањето на законот е обврска на сите институции и дека неговата примена не смее да биде предмет на дневнополитички препукувања.

    Тој посочи дека во моментот кога ја презел функцијата министер не бил воспоставен Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик и дека не постоеле услови за негово целосно функционирање.

    „Недоследната и нефункционална примена на Законот не започнала со оваа Влада, туку е резултат на долгогодишно отсуство на системски пристап и институционална инерција“, рече Љутков.

    Според него, во меѓувреме е формиран Совет за македонски јазик, започната е подготовка на Национална стратегија и воспоставен е Инспекторат за македонски јазик со вработени инспектори во обука.

    Љутков информираше и дека Владата ги задолжила институциите за доследно ангажирање лектори, а во моментов функционираат 12 лекторати во 11 земји.

    „Нашата обврска е македонскиот јазик да добие институционална заштита што функционира, а не декларативна“, порача министерот.

    Од друга страна, пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, оцени дека законот веќе две години не се спроведува и дека институциите не презеле суштински чекори за негова примена.

    Таа рече дека иницијативата за расправата била поднесена уште на 23 март, но поради одложувања се одржува дури денес.

    Костадиновска-Стојчевска посочи дека клучните одредби од законот остануваат „само на хартија“, а дека Инспекторатот за јазик допрва се зајакнува кадровски и оперативно.

    Таа додаде дека СДСМ поканила претставници од институциите, академијата и медиумите за да се утврдат причините за застојот и одговорноста за неспроведувањето на законот.

    Двете страни се согласуваат дека законот е донесен со политички консензус, но останува разликата во оценките околу причините за неговата досегашна нефункционална примена и динамиката на спроведувањето.

    Previous ArticleГаши поддржува електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето
    Next Article Концерт на џез групата Next to Silence во Сули ан

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.