Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»ЗНМ и МИМ го претставија новиот Кодекс за новинарите со правила за користење на вештачката интелигенција и известувањето
    Македонија

    ЗНМ и МИМ го претставија новиот Кодекс за новинарите со правила за користење на вештачката интелигенција и известувањето

    07/07/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) денес го објиавија новиот изменет Кодекс на новинари, кој изминатиот период го правеше работна група од претставници на органзациите. Во новиот Кодекс се наведени информациите за како да се користи вештачката интелигенција во секојдневното новинарство, како да се известува за самоубиства и за ранливи групи, но и како да се разграничи реклама од медиумска содржина.

    Чадиковски истакна дека досегашниот Кодекс повеќе од 25 години бил темелот на новинарството, но, светот во меѓувреме драстично се променил со напливот на дигитални платформи, алгоритми и вештачка интелигенција.

    „Во таков свет логично беше да се прашаме дали старите етички принципи се доволни, а одговорот е сосема јасен. Тоа е дека основните вредности на новинарството и во 2000-тите и денеска не се менуваат и нема да се сменат. Вистината, проверката на фактите, независноста, јавниот интерес и одговорноста кон граѓаните пред сѐ остануваат темел на оваа професија“, рече Чадиковски.

    Новиот Кодекс за првпат се осврнува кон предизвиците на дигиталната ера, вклучително и употребата на вештачка интелигенција, транспарентноста, судирот на интереси, како и заштитата на достоинството и приватноста, посочувајќи дека на Кодексот се работело повеќе од две години во инклузивен процес со новинари, експерти и саморегулаторни тела, креирајќи автентичен македонски производе отпорен на притисоци.

    Новиот Кодекс воведува правила и насоки за користење на вештачката интелигенција во редакциите, ги зајакнува стандардите за транспарентност, исправки и судир на интереси, и посветува поголемо внимание на достоинството на жртвите, заштитата на децата и приватноста.

    На промоцијата се обрати и претседателот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, кој упати честитки за инклузивниот процес на носење на документот, но сподели и научени лекции од практиката со Кодексот за граѓански организации.

    Кржаловски укажа на ризикот актот да остане само на хартија доколку не се воспостават силни механизми за негова имплементација. „Прашањето е како ќе се применува и како ќе се контролира понатаму и како ќе се укажува на пропустите, бидејќи она што заклучивме кај граѓанските организации иако веќе има над 150 организации потписнички на тој кодекс, само 25 отсто ги исполнуваат обврските од истиот тој кодекс. Со оваа лекција сакам да укажам што ве очекува во понатамошниот тек на примената на новиот Кодекс на новинарите. Се надевам дека МИМ, заедно со останатите чинители, ќе изработи ефикасни механизми за сето ова да се почитува, а новинарите нема да го видат ова само како лист хартија, туку навистина ќе го применуваат“ истакна Кржаловски.

    Во Кодекстот пишува дека слободата на медиумите е неприкосновено право. Мисијата на новинарството се темели врз правото на секој човек да има пристап до информации и идеи, во согласност со Универзалната декларација за човекови права и Уставот на РСМ.

    Задача и обврска на новинарите е да ги почитуваат вистината и правото на јавноста да биде навремено и точно информирана. Одговорноста на новинарот кон јавноста има предност пред обврските кон работодавачите или која било власт. Новинарот го штити јавниот интерес.

    Фото: Новиот кодекс на новинарите на Македонија
    Previous ArticleПадот на цените на храната и транспортот придонесе за дефлација од 0,5 отсто во месец јуни
    Next Article Лековите „Еноксапарин, Надропарин и Ривароксабан“ ќе може да се земаат со рецепт од аптека, без рефундација од ФЗОМ

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.