Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»Пехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево
    Економија

    Пехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево

    Во Пехчево, подигнувањето на плата и пензија или плаќање на сметки веќе не е нешто што се врши за неколку минути, туку за истото треба да се одвои еден цел ден за да се отпатува до Берово на 10 или до Делчево на 30 километри.
    08/07/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во Пехчево, подигнувањето на плата и пензија или плаќање на сметки веќе не е нешто што се врши за неколку минути, туку за истото треба да се одвои еден цел ден за да се отпатува до Берово на 10 или до Делчево на 30 километри, оти градот остана без ниту една банка. Особено е тешко за повозрасните, кои се најбројни во општината, а единствениот банкомат кој го има во градот, почесто е празен, па, тие зависат од туѓ превоз, кој е редок, а со тоа имаат и дополнителни трошоци. Жителите кои се свесни дека градот е под сериозен удар од „Белата чума“ и се повеќе се празни, за Канал 5 велат дека не исчезнаа само банките, туку и чувството дека државата обезбедува еднаков живот за сите. Стравуваат дека набргу ќе останат и без Итна медицинска помош.

    -Многу е комплицирано, возрасен човек, соочени се со здравствени проблеми, соочени се со потешкотии во движење, немаат возила, нема такси, нема автобуси, голем проблем е тоа. Претежно од Источна Македонија се селат во странство, но тоа не значи дека тие што сме останале тука, што сме останати дека не треба да ги имаме основните услови за живот, банка или брза помош, еве се зборува дека, имаме брза помош, се зборува дека и неа ќе ја затворат. – Герасим Станоевски – Жител на Пехчево.

    Загриженоста е оправдана и се работи на надминување на состојбата, вели градоначалникот на Пехчево – Китански. Што се однесува до итната медицинска помош, уверува дека проблемот е надминат. Општината според последниот попис имаше речиси 4.000 жители, но жителите сметаат дека градот е дополнително поиспразнет, недостасуваат се повеќе млади.

    -Во претходниот период стапив со неколку банки во контакт веќе, има добро расположение, имаме позитивно влијание за отворање на нови експозитури на други банки, а во последниот период сме веќе во сериозни преговори со една поголема банка од Македонија за отворање на канцеларија или експозитура во Пехчево. За да функционираш како градче сепак треба да ги имаш основните услови, а тоа е предуслов младите да се задржат, ако ги немаме основните услови за живот, како ние би влијаеле да останат.- Александар Китановски – Градоначалник на Пехчево.

    Несоодветно здравство и образование, правна несигурност и егзистенцијата задираат секаде, па и во Пехчево, системските фактори се причините поради кои си одат и оние со повеќе пари – вели вели поранешниот директор на заводот за статистика – Апостол Симовски. Алармот одамна одекна, додава Симовски, кој решението го гледа во ЕУ, а не во краткорочни мерки за наталитет.

    -Некаде до 2070 година, Македонија може да остане со не повеќе 1,5 милиони жители, но читав конкретно и една проекција на ОН која вели дека до 2050 година Македонија може да има само милион жители, ова се страшни податоци кои треба да не загрижат и треба час поскоро треба да се свестиме дека мора да се делува. Мерки во смисол на стимулирање на наталитет можат да дадат краткорочен ефект, но генерално се покажале секаде неуспешно, па и кај нас имавме стратегија, суштината е во менувањето на услови, тоа е она што младите го сакаат и заради што би останале дома.- Апостол Симовски – Поранешен директор на Државен завод за статистика.

    Според последните проценки на државниот завод за статистика, земјава и натаму е со негативен природен прираст од неколку илјади луѓе годишно, односно, во Македонија повеќе луѓе починуваат, а помалку се раѓаат. Ова според експертите, се припишува и на тоа што младите си одат, а со себе го носат и наталитетот во други земји.

    Извор: Канал 5.

    банка банкомат
    Previous ArticleЗНАМ на работни средба со членството од Струмица
    Next Article (Фото/Видео) Сите останаа без зборови: Џеј Ло го покажа најжешкото деколте

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.