Сè што правиме сега ќе ги покаже своите ефекти дури подоцна, а кожата секогаш се сеќава на сè. Кога ќе наполните 25 години, време е за посебна нега на кожата.
Кога ќе наполните 25 години, вашата кожа бара посебна нега. Треба да најдете рамнотежа помеѓу правилно чистење, хидратација и спречување на првите знаци на стареење.
Маска за лице
По 25-годишна возраст, нанесувајте маска за лице три пати неделно. Исто така, во текот на летото, уживајте во серум на база на хијалуронска киселина – тој не само што ќе ја хидрира кожата, туку и ќе го освежи вашето лице.
Заштитен фактор
По 25-годишна возраст, заштитата на вашата кожа од сонцето треба да стане навика, како миење заби наутро. Не е важно дали одите на плажа или на работа – кожата треба да биде заштитена. Изберете дневен крем со SPF фактор.
Хидратација
Не е важно колку години имате, хидратацијата на кожата е задолжителна. Изберете висококвалитетни креми со минерални масла и глицерин.
Благо чистење
Првото нешто на кое треба да обрнете внимание е чистењето на кожата. Козметичарите ве советуваат да користите природни и благи производи за чистење на кожата.
Совети за сјајна кожа
По 25 години, време е да размислите за масажа на лице. Во тој случај, ако поради некоја причина не сте подготвени да одите кај козметичар, можете да ја направите масажата дома: со рацете или со специјални уреди за убавина. Користете масло или серум за лице како основа за масажата.
фото/Depositphotos
