Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Координација на амбасадорскиот совет во Скопје – ќе се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа
    Политика

    Координација на амбасадорскиот совет во Скопје – ќе се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

    18/08/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Муцунски посочи дека Мацинка ќе биде и еден од говорниците на амбасадорскиот совет, кој в четврток и в петок ќе се одржи во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство.

    „Ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе години, нашата дипломатска мрежа повторно ја собираме на едно место за директна, суштинска и стратешка координација. Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува“, рече Муцунски.

    Според него, амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија, со јасна цел – пресек на сработеното, усогласување на позициите и поставување конкретни задачи за периодот што следува.

    „Ќе разговараме за европската и евро-атлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење. Но, нема само да анализираме што се случува во светот. Ќе утврдиме што тие промени значат за нашата држава, како влијаат врз нашите интереси и што конкретно очекуваме од секое наше дипломатско-конзуларно претставништво“, истакна Муцунски.

    Во време на длабоки геополитички промени, растечки безбедносни предизвици и сè покомплексни меѓународни односи, вели, дипломатијата не смее да биде пасивна.

    „Потребна ни е дипломатија што предвидува. Која реагира навремено. Која гради партнерства. И која одлучно ги штити националните интереси“, порача Муцунски.

    Информира дека амбасадорите и генералните конзули во рамките на советот ќе имаат директен дијалог со претседателката на државата, премиерот и со претседателот на Собранието, што испраќа порака за потребата од институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап.

    „Европската интеграција останува еден од нашите централни стратешки приоритети. Нашата дипломатска мрежа има задача јасно и аргументирано да ги претставува нашите позиции и реформски резултати пред европските партнери. Да бараме фер и предвидлив европски процес, заснован на резултати, европски вредности и заемна почит“, рече Муцунски.

    Тој посочи дека еден од главните фокуси на годинешниот совет ќе биде економската дипломатија, со јасна порака до амбасадорите дека „секој амбасадор мора да биде и економски промотор на нашата држава“.

    „Повреќе инвестиции, поголем извоз, нови деловни контакти, нови пазари за македонските компании. Тоа мора да стане мерлив дел од работата на нашите претставништва. Нашите амбасади треба да отвораат врати за македонските компании и добрите политички односи да ги претвораат во конкретни економски можности за нашата земја“, порача Муцунски.

    Во центарот на работата, додаде, секогаш мора да бидат граѓаните. Според него, дипломатијата има смисла само ако создава конкретна вредност за државата и за луѓето на кои им служи.

    „Затоа ќе разговараме за модернизацијата и дигитализацијата на конзуларните услуги, подобрата институционална координација и поблиската комуникација со нашата дијаспора. Нашата цел е едноставна: македонскиот граѓанин, каде и да се наоѓа, да знае дека неговата држава е таму кога му е потребна. Истовремено, ќе ги слушнеме и нашите амбасадори и генерални конзули. Тие најдобро ги познаваат предизвиците на теренот. Сакам отворено да разговараме за тоа што функционира, што мора да подобриме и што е потребно нашата дипломатска мрежа да биде поефикасна, попрофесионална и подобро подготвена“,истакна Муцунски.

    Тој прецизира три клучни очекувања од дипломатската мрежа.

    „Од нашата дипломатска мрежа очекуваме три работи: да ги штити нашите национални интереси, да отвора можности за нашата држава и да им служи на македонските граѓани. В четврток и в петок овие принципи ќе ги претвориме во конкретни задачи, подобра координација и мерливи резултати“, порача Муцунски.

    Според него, силната дипломатија не се мери според бројот на средби, посетени престолнини или потпишани документи.

    „Се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради, можностите што ги отвора и резултатите што ги создава за својата држава и за своите граѓани. Надворешната политика е државна политика. И токму таква дипломатија градиме. Модерна и активна. Професионална и самоуверена. Стратешки координирана. Дипломатија која знае кои се нашите интереси и има капацитет да ги застапува. Дипломатија во служба на нашите граѓани, на нашата држава и на нашата татковина“, заклучи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

     

    Previous ArticleМуцунски: По 2019 година, Македонија повторно домаќин на Амбасадорскиот совет
    Next Article „По смртта, оставете им долгови и трошоци за погреб“: Ведрана Рудан имаше јасен став за тестаментот

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.