Во рамки на проектот „Воведување на мерки за Енергетска Ефикасност на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)“, финансиран од Бирото за регионален развој и Општина Пехчево, преку Источен плански регион, започна реализацијата на проектната активност „Реконструкција на кров на ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево“.
Вчера фирмата изведувач беше воведена во работа, со што официјално започнаа активностите за реконструкција на кровот на објектот. На состанокот беа присутни и Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански и Директорот на Центарот за развој на Источен плански регион, Трајче Здравков.
Со реализацијата на овој проект продолжуваме со создавање на побезбедни, поквалитетни и подобри услови за престој и воспитно-образовен процес на најмладите.
Започна реализацијата на проектната активност „Реконструкција на кров на ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево“
1 Min Read
Previous ArticleКрива Паланка во знакот на традицијата, културата и музиката
Поврзани вести
Најнови информации
Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.
© 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.



