Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Отворено 17. издание на „МакеДокс“
    Култура

    Отворено 17. издание на „МакеДокс“

    21/08/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 17-то издание беше отворен на 20 август во Куршумли ан со традиционалниот поздрав со кромид в рака од екипата кон публиката, која објектот Куршумли ан го исполни до последно место.

    Пред почетокот на филмската програма се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков во име на целата екипа на „МакеДокс“.

    „Од 20 до 27 август повторно сме заедно под мотото „Само сонот е стварност“. Можеби звучи како бегство од реалноста, но за нас е токму спротивното. Соништата се тие што нè тераат да ја менуваме реалноста – да создаваме, да истражуваме, да се поврзуваме и да веруваме дека нештата можат да бидат поинакви. А што е филмот, ако не сон што некој успеал да го претвори во стварност на платното? Ова мото годинава има и едно посебно значење за нас. „Само сонот е стварност“ е наслов на книга на една од нашите најзначајни филмолози и филмски критичарки – Илинденка Петрушева, нашата Бабе“, посочи Набаков, а на неговите зборови се надоврза Сара Ферро:

    „Тоа што мојата баба Илинденка сите ја викаат Бабе не е случајност, тоа зборува за нејзината широка душа и нејзиното несебично споделување на своето знаење со сите луѓе, а особено со младите кои почнуваат да се занимаваат со култура и филм. Бабе беше еден од најголемите поборници и поддржувачи на овој фестивал. Нејзината љубов и младешка жар кон културата, филмот, архивите, критиката, и пред сѐ нејзината вечна љубов кон киното, е неверојатна и уникатна инспирација и нешто што ни го вкорени на сите. Иако таа денес гледа филмови на друго место, во некои вечни киносали, вредностите што ни ги остави ќе продолжат да живеат во нас, и да ни бидат водечка сила за достојно да ја продолжиме нејзината мисија. Документарниот филм е живо сведоштво за времето во кое живееме, за луѓето околу нас и за вистините кои понекогаш најдобро ги гледаме токму кога ќе се изгаснат светлата и ќе се осветли платното. Нашата мисија е платното и приказните што ви ги носиме да останат достапни за што повеќе луѓе“, рече Ферро.

    „Фестивалот постои за својата публика, но постои и благодарение на својата публика. Доаѓајте на „МакеДокс“. Гледајте документарни филмови. Поддржете нѐ. Во следните осум дена ве каниме да сонуваме заедно во Куршумли ан, Сули ан, пред Музејот на Македонија, но и низ целата дополнителна програма на фестивалот во „Лабораториум“ и Албански театар. Да гледаме филмови. Да разговараме. Да не се согласуваме секогаш. Да откриваме нови луѓе, нови приказни и нови светови. И можеби барем за момент да поверуваме дека стварноста може да изгледа малку поинаку“, додаде Сара Ферро.

    Филмската програма почна со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Приказната во филмот „Кон запад, во Запата“ се одвива во оддалечените мочуришта на Запата во Куба, каде Ланди и Мерцедес се борат да го израснат својот син среде економски колапс и сè поголеми општествени немири. Принудени на болни разделби и тешки одлуки, тие се обидуваат да го зачуваат своето семејство. Филмот е интимен портрет на истрајноста, љубовта и цената на опстанокот.

    Previous ArticleПринцот Хари и други познати личности мора да платат 11 милиони евра на „Дејли Меил“
    Next Article „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во трка за главната награда на Сараевскиот филмски фестивал, „Мала Југославија“ освои награда

    Поврзани вести

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026

    Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб

    22/10/2026

    Објавен патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ на македонски јазик

    21/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.