За ова на социјалната мрежа Х се јави и премиерот на Албанија Еди Рама. Тој вели дека градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, побарал да се изведе и албанската химна, но бил игнориран, по што се извинил за грешката што не е негова. Рама вели дека Колефски се покажал како „достоен државник и граѓанин на европска Албанија. Ние ја почестивме таа мала заедница со посебен статус како посебна општина, токму затоа што за Албанија малцинствата не се статистика, туку национално богатство. Малцинските граѓани не се бројки, туку браќа и сестри со исти слободи и права како и сите нас. Сега, ова повремено пристигнување во нашата територија на циркуски трупи на балканскиот национал-фолклоризам, понекогаш од една земја, понекогаш од друга, не само што не нè загрижува за себе, за суверенитетот на Албанија, туку за рамнотежата на политичкиот живот овде внатре, каде што нема тројански мазги одгледувани во нашите ридови или ’дијаспора’ извезена од нашето соседство што нè потресува, бидејќи европска Албанија веќе ја помина својата адолесценција како демократска држава“, напиша Рама.
Рама додаде дека Албанија, балканската Европа, никогаш не може и нема да си дозволи да ги спушти своите вредности на нивото на пародијата во Пустец.
Колефски соопшти дека настанот го организирало здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“. Тој се извини во име на организаторите и додаде дека Општина Пустец била само поканета на овој настан и не учествувала во организирањето.
