Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Ружински: Честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Симов: Да се спротивставуваш на дата-центрите е како пред 100 години да си против енергетската мрежа
    Македонија

    Симов: Да се спротивставуваш на дата-центрите е како пред 100 години да си против енергетската мрежа

    26/08/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Орце Симов, се огласи околу дебатата за изградбата на дата-центри во земјава, нагласувајќи дека ваквата инфраструктура е неизбежен дел од современата дигитална економија.

    „Да бидеш против дата-центар денес е исто како да си против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години“, порача Симов во објава на социјалните мрежи.

    Според него, дата-центарот може да се гледа од повеќе аспекти – како голем потрошувач на електрична енергија, како објект во кој се складираат и обработуваат огромни количества податоци, но и како инфраструктура без која денес не би можеле да функционираат голем дел од интернет-сервисите.

    Симов посочува дека платформите како Facebook, YouTube, Instagram, Google, Amazon, електронското банкарство, како и сервисите базирани на вештачка интелигенција, зависат од дата-центрите во кои се сместени серверите што ги обработуваат и чуваат податоците.

    Како пример за значењето на оваа инфраструктура, тој ја наведува разликата меѓу бројот на дата-центри во развиените земји. Според податоците што ги споделува, САД имаат повеќе од 4.700 дата-центри, додека Велика Британија има повеќе од 500, а Германија и Франција се меѓу земјите со стотици вакви објекти.

    Симов признава дека дата-центрите, особено оние наменети за вештачка интелигенција, се големи потрошувачи на електрична енергија. Сепак, според него, тоа не значи автоматски дека нивната потрошувачка треба да биде товар за домаќинствата.

    Тој посочува дека операторите на дата-центрите би требало да обезбедуваат електрична енергија по пазарни услови, односно преку енергетските пазари, додека инфраструктурата треба да биде планирана така што нема да го загрози снабдувањето на постојните потрошувачи.

    Previous ArticleД-р Небојша Баткоски прогласен за WORLD BUSINESS LEADER на THE BIZZ Awards 2026
    Next Article ВЛЕН: Крај на децениските ветувања, започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

    Поврзани вести

    Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    28/08/2026

    Мицкоски од Осоговскиот манастир: Нашите свети места нè потсетуваат на вредностите што нè обединуваат

    28/08/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Ружински: Честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    Мицкоски од Осоговскиот манастир: Нашите свети места нè потсетуваат на вредностите што нè обединуваат

    НАЈЧИТАНИ

    Етно фестивал 2026 Бероово

    31/07/2026

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    28/08/2026

    Светот се трка по критични минерали, Македонија има потврден бакар во Иловица

    26/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.