Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Николоски: Апелирам ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“
    Политика

    Николоски: Апелирам ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

    11/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Го затекнавме претпријатието со 34 милиони евра долг, сега е 25, за две години е намален за девет милиони евра. Крадел кој стигне, кај стигне. Ако литар боја за фарбање на улици, која што и не ја користеле, чинела Х денари ја наплаќале 10 пати поскапо. Да не зборувам за зимското одржување. Еве овие две години се чисти снегот, претходно пари се даваа, а снегот не се чистеше. Само за удари од кучиња – јас знам дека има кучиња, ама не верувам дека сме толкави рекордери -3,5 милиони евра се пресудени оштети. Таму има формирано една банда, една мафија на адвокати, проценители, вештаци и Бог ги знае како се викаат, и излегува дека до 2024 година, дури беше оној Константин Ацески директор што си ја тепаше жена му, кучиња секој ден удирале во возила. После 2024 година некако имаат намалено кучињава да се удираат во возила“, вели Николски.

    Тој посочи дека за лошата состојба во ЈП „Македонија пат“ причина се и тужби, кои се испраќаат во Стразбур.

    „Сојузени се со компании на кои што им се должи и сега Стразбур почна да носи одлуки долгот да им се плати, и каматата да им се плати, и по една благодарница да им дадеме, а ако ги видите цените по кои што имаат добивано тие компании се исто така далеку над пазарните. Јас неколку пати сум повикувал, еве да искористам и тука од собраниска говорница, да замолам – не знам кој друг збор освен да замолам – Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај, не мора ништо друго да работат, само да го прочитаат ревизорскиот извештај и кривичната пријава, која што јас лично ја имам потпишано. Јас не се кријам, потпишав преку 20 кривични пријави, кога бев избран и во периодот потоа од неколку месеци, како доаѓаа работите, и да истражат како таму се работело“, подвлече Николски.

    Тој додаде дека вработените во ЈП „Македонијапат“ сега редовно земаат плата, а К-15 ќе биде исплатен во законскиот рок. Истакна и дека сега се подмируваат добавувачите во рамки на она што е реално.

    „Опремата што ја имаше претпријатието е ставена во функција, сè уште се користат надворешни компании за чистење на снег, но не во обем којшто беше претходно. Се запалија асфалтните бази. Повеќето реконструкции што ги прави ЈПДП, наместо да оди на тендер, оди преку „Македонија пат“. Можете да ја отворите листата на јавни набавки на ЈПДП и таму ќе видите дека скоро и да нема во овие две години јавна набавка, односно тендер на ЈПДП за одржување на патишта. Причината е затоа што се договоривме со ЈПДП таа работа да ја дава на „Македонија пат“, па „Македонија пат“ со тие пари да враќа долгови – како што се вратија овие 9 милиони евра, од 34 на 25 и да може да ги подмирува платите на вработените и да може да им помагаме“, вели Николоски.

    Тој посочи дека се направени корекции на цените за асфалтот, а пред две седмици на Влада помината е и  нова корекција на цените.

    „Цело време ги коригираме цените надолу, како што утврдуваме пазарот каков бил така. На пример, претходно до 2024 година ако тон асфалт бил некаде 100–110 евра, овие го фактурирале 190 евра. Една од поголемите главоболки ми е „Македонија пат“. Но повторно молам, замолувам, апелирам – не знам кој збор да го употребам – Јавното обвинителство таму да влезе и детално да ја истражи работата“, порача Николоски од собраниската говорница.

    Previous ArticleИзраелските сили уништиле голем подземен комплекс на Хезболах
    Next Article ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром добива ново лице, очекуваме до 400 илјади патници годинава

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.