Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Прашања до Марта Кос: На која правна основа Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот?
    Политика

    Прашања до Марта Кос: На која правна основа Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот?

    18/09/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Гоце Пероски е судски овластен преведувач и толкувач за македонски јазик во покраината Хесен. Тој во писмото до еврокомесарката за проширување Марта Кос постави неколку прашања за правната основа на условот Македонија да ги внесе Бугарите и припадниците на други народи во својот Устав.

    Вчера во интервју за Бугарската национална телевизија, Кос изјави дека Македонија мора да ја исполни својата обврска и да ги внесе Бугарите во Уставот, при што посочи дека таа обврска била договорена меѓу Македонија и 27-те земји членки на Европската Унија.

    Пероски во писмото бара од Кос да објасни на која правна основа се темели ова барање, посочувајќи дека по прегледот на релевантните документи не успеал да го најде условот ниту во преговарачката рамка за пристапните преговори, ниту во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од 2017 година.

    Според него, условот е формулиран во Вториот билатерален протокол од 17 јули 2022 година, чиј правен карактер, како што наведува, во моментов е предмет на постапка пред Уставниот суд.

    Пероски се повикува на Преговарачката рамка за пристапните преговори со Македонија, документ на Советот на ЕУ 11364/22 од 17 јули 2022 година. Во неа, како што наведува, не постои одредба со која директно се бара измена на Уставот. Во точката 5, четврта алинеја, се бара Македонија да ги спроведува со добра волја билатералните договори, меѓу кои и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерките за негово ефикасно спроведување согласно членот 12 од Договорот. Тоа е формулацијата што се наоѓа во официјалниот документ на Советот.

    „Не е наведена никаква уставна условеност“, пишува Пероски. Тој потсетува и дека самата преговарачка рамка ги темели пристапните преговори на членот 49 од Договорот за Европската Унија, релевантните заклучоци на Европскиот совет и критериумите од Копенхаген.

    Во вториот дел од писмото Пероски го анализира Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 1 август 2017 година. Тој посочува дека во договорот не постои услов Македонија да го менува Уставот и да внесува одредена заедница како услов за напредок кон членство во ЕУ. Особено внимание посветува на членот 12, со кој е воспоставена Заедничката меѓувладина комисија.

    Според Пероски, задачите на комисијата се јасно определени: да ја разгледува имплементацијата на договорот, да усвојува мерки за подобрување на билатералната соработка и да ги решава проблемите што произлегуваат од неговото спроведување.

    „Со него не ѝ се дава овластување да бара уставни измени од другата страна, а уште помалку да поставува услови за пристапувањето на таа страна во Европската Унија“, наведува тој.

    Пероски смета дека клучот за разбирање на спорот се наоѓа во Вториот протокол од состанокот на Заедничката меѓувладина комисија од 17 јули 2022 година. Во него, во рамките на третата точка од дневниот ред, Бугарија изразува подготвеност да се согласи со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, „со разбирање“ дека следната конференција ќе се одржи откако Македонија ќе ги внесе во Уставот оние свои граѓани кои се дел од други народи, меѓу кои е наведен и бугарскиот народ. Во соодветниот дел од протоколот, Македонија го изразува своето согласување.

    Токму овој документ во последните години стана централна точка во спорот околу продолжувањето на европскиот интегративен процес на Македонија. Бугарската страна се повикува на него како дел од договорените услови, додека во Македонија неговиот правен статус и начинот на кој е донесен се предмет на политички и правни спорови.

    Пероски поставува и пошироко правно прашање: дали инструмент донесен за спроведување на еден меѓународен договор може да создава нови обврски што самиот договор не ги содржи?

    Според неговото толкување, Вториот протокол ја надминува функцијата на инструмент за спроведување на Договорот од 2017 година. Тој се повикува на членот 13 од Договорот, според кој измените на договорот бараат писмена согласност, се преговараат преку дипломатски канали и стапуваат во сила по ратификација.

    „Ако Протоколот создава нови обврски, се поставува прашањето дали требало да се следи токму таа постапка“, пишува Пероски. Во писмото се наведува и дека пред Уставниот суд на Македонија е во тек постапка во врска со Вториот протокол.

    Според Пероски, подносителот на иницијативата, поранешен потпретседател на Собранието, тврди дека протоколот не ја поминал пропишаната постапка на преговарање, усвојување од Владата, потпишување, ратификација во Собранието и објавување во „Службен весник“. Предметот, според писмото, е прифатен и постапката е во тек.

    Затоа Пероски го поставува прашањето дали условот што го регулира отворањето на преговарачките кластери произлегува од документ чија обврзувачка сила во домашниот правен поредок сè уште не е судски разрешена.

    Во март 2026 година и европратеникот Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија, предложи во извештајот да се повика правната служба на Советот итно да ги разјасни нејаснотиите околу правниот статус на Вториот билатерален протокол во однос на пристапниот процес.

    Пероски од еврокомесарката бара одговор на четири конкретни прашања.

    Прво, на која основа во правото на ЕУ се темели барањето за внесување на Бугарите во Уставот? Тој се повикува на Копенхашките критериуми, кои опфаќаат институционална стабилност, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата, и прашува дали именувањето на конкретна заедница во преамбулата на националниот устав претставува дел од правото на ЕУ.

    Второ, каква дополнителна правна заштита би обезбедило внесувањето на Бугарите во преамбулата, ако правата на припадниците на заедниците веќе се заштитени со суштинските одредби на Уставот и со одредбите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор?

    Трето, како условот се усогласува со еднаквиот третман на земјите кандидати? Пероски потсетува дека Албанија ги отвори пристапните преговори истиот ден како Македонија и дека двете земји се опфатени со истите заклучоци на Советот од 18 јули 2022 година. Прашањето што го поставува е зошто делот што се однесува на Албанија не содржи услов од ваков вид.

    Четврто, Пероски бара од Кос да објасни во која правна форма била склучена обврската за која таа зборува како за договор меѓу Македонија и 27-те земји членки на ЕУ и каков е нејзиниот статус во правниот поредок на Унијата.

    На крајот Пероски ја потсетува Кос дека уште на 3 август 2026 година ѝ испратил писмо во врска со правниот статус на Вториот билатерален протокол и неговото внесување во преговарачката рамка. Тој наведува дека досега не добил ниту потврда за приемот, ниту суштински одговор. Затоа бара прашањата од најновото писмо да бидат одговорени заедно со трите прашања што ги поставил во писмото од 3 август.

    Останувам на располагање на вашиот кабинет, завршува Пероски.

    Previous ArticleМицкоски: Децениско стратешко партнерство со САД, тие се нашиот најсилен сојузник
    Next Article Истрага на ОН: Постојат основи дека САД извршиле воени злосторства во Иран, а Техеран злосторства против човештвото

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.