„Ова е многу добро прашање и би била многу среќна ако го искористиме овој момент на проширување и за Cеверна Македонија. Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го движиме процесот напред со Cеверна Македонија. Секако, владата во Cеверна Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот Устав, ова е договорено меѓу Cеверна Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ. Откако ќе се направи ова, ќе сметам на поддршката и од вашата земја, за да продолжиме напред и со Cеверна Македонија“, изјави Кос.
Кос вели дека претстојниот период ќе биде значаен за земјите кандидати.
„Оваа есен ќе биде есен на проширувањето. Многу ми е драго што го интензивираме процесот. Подготвуваме патокази за земјите што се најнапред во преговорите. Црна Гора е најблиску до пристапување, а за Албанија, Молдавија и Украина ќе претставиме патокази во кои ќе бидат наведени сите технички чекори што треба да се преземат до крајот на нашиот мандат“, рече Кос.
Таа нагласи дека паралелно со поддршката за земјите кандидати, Европската комисија работи и на подготовка на земјите членки за ново проширување.
