Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград
    Култура

    Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

    05/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Денеска во 19 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката, а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска.

    „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:

    – Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки – подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

    Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина. На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија.

    Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

    На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ-Белград, Васко Шутаров.

    Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

    Previous ArticleФото и видео материјали со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција го преплавуваат интернетот
    Next Article САД ги повлекле сите свои бомбардери од британската база откако била откриена нова закана

    Поврзани вести

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026

    Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб

    22/10/2026

    Објавен патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ на македонски јазик

    21/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.