Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев
    Култура

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    06/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Оркестарот на Македонската филхармонија, в четврток, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Музички код“ со диригентот Борјан Цанев, на кој ќе бидат изведени увертири од најпознатите оперски дела. Публиката ќе има можност да чуе увертири од оперите на Моцарт, Росини, Вагнер, како и увертирите „Кориолан“ од Бетовен, „Академска фестивалска увертира“ од Брамс и „Свечена увертира“ од Шостакович.

    „Со настапите дома и во странство, а особено со последните гостувања со Краковската, Северночешката, Софиската и Македонската филхармонија, Борјан Цанев останува еден од најбараните диригенти во Македонија и во поширокиот регион. Маестро Цанев ја балансира својата кариера помеѓу сценските настапи и наставата како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

    Неговиот 20 годишен ангажман како главен диригент на Македонската филхармонија, одигра исклучително важна улога во квалитативниот раст на ансамблот. Во улогата на наставник и ментор, тој поведе многу генерации на музичари кон нивните професионални патишта дома и во светот. Како добитник на високите признанија „Виртуози – најдобар музички изведувач“ и ,,Ѓорѓи Божиков“ – за најдобра изведба на дела од македонски композитори, тој важи за еден од најпрефинетите музичари во Македонија“, пишуваат од Македонската филхармонија за Цанев.

    Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа е назначен за диригент на Македонската филхармонија, каде останува до 2019 година.

    Во 2000-2001 Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст. Токму на Кралскиот колеџ ја добива и наградата „Аугуст Манс“ за најдобар млад диригент.

    Еден од најважните настани од неговата рана кариера е поканата да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис во продукцијата на Моцартовата опера„Дон Џовани“ во Кралскaта оперска школа, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис.

    Во наредните години маестро Цанев остварува многубројни концерти со Македонската филхармонија, како и со нејзиниот Камерен оркестар во Македонија и во странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, Нови Сад, Загреб, Њујорк, турнеи во Полска и Казахстан). Во периодот 2003-2006 година делува како главен диригент на камерниот оркестар „Скопски солисти“, а во 2006-2009 е назначен за постојан гост-диригент на Софиската филхармонија.

    Во Македонската опера и балет диригирал повеќе изведби на ,,Травијата” од Верди, ја води премиерата на новата продукција на „Волшебната флејта“ од Моцарт, како и премиерата на балетот ,,АлександарIII Македонски“ од Љубомир Бранџолица.

    Previous ArticleВработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин
    Next Article Нина Елзесер и Марјан Наумов од Драмски театар наградени на Фестивалот на комедијата во Куманово

    Поврзани вести

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026

    Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб

    22/10/2026

    Објавен патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ на македонски јазик

    21/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.