Собранието треба да ја одржи 126. седница на која пратениците од опозицијата ќе имаат можност да поставуваат прашања до владините функционери.
Пратениците од пратеничките групи во опозиција и пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група, ќе може да ги поставуваат пратеничките прашања откако ќе биде утврден дневниот ред на денешната седница.
Освен оваа пракса, секој последен четврток во месецот има пленарна седница на која сите пратеници без разлика дали се од власт или опозиција можат да постават пратеничко прашање.
