Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Фестивалот Киненова отворен: Милан Терзиќ посака добри филмови и убави разговори, а Емин Алпер е благодарен што фестивалот го одржува филмот како уметност и кино културата во живот
    Култура

    Фестивалот Киненова отворен: Милан Терзиќ посака добри филмови и убави разговори, а Емин Алпер е благодарен што фестивалот го одржува филмот како уметност и кино културата во живот

    15/10/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    -Оваа година ве водиме во океанот на светската филмска продукција и ви ги откриваме најновите филмски приказни од различни меридијани. Селекцијата на филмови која ќе ја погледнете низ фестивалските денови е работена по три главни дијагонали. Како човек кој верува во универзалноста на човековите права и во нивното еднакво почитување насекаде во светот, чувствував потреба да ги пронајдеме најсмелите, најбунтовните и најбескомпромисните авторски гласови во современата светска кинематографија. А како некој што е длабоко маѓепсан од синеастичната естетика и нејзината моќ, не можев да го занемарам ниту она што го сметам за едно од најсилните страни на филмот: способноста преку слика, светлина, звук и тишина да создаде искуство што ниту еден друг уметнички медиум не може да го понуди на ист начин. Да продолжиме да гледаме. Да продолжиме да прашуваме. И, пред сè, да не престанеме да веруваме во моќта на филмските приказни. Да го славиме добриот филм и искрените филмски авторски гласови, рече вчера вечер Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова на свеченото отворање и посочи дека ова е најсилната селекција на КИНЕНОВА до сега.

    На свеченото отворање на 11. издание на МФФ Киненова, на кое присуствуваше Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, актери, режисери, филмски работници и и бројни љубители и почитувачи на филмската уметност, на годинешниот лауреат, турскиот режисер, сценарист, актер и историчар Емин Алпер му беше врачена наградата Златна грива, за особен придонес во светската филмска уметност.

    -Ви благодарам многу за оваа толку значајна награда. Голема чест е да ја добијам токму од КинеНова. Овој фестивал ја слави филмската уметност како универзален јазик и бара нови автори, нови гласови и нови начини на изразување надвор од мејнстримот. За мене, филмот отсекогаш бил начин да се разберат луѓето, нивните стравови, нивните желби и општествата во кои живееме. И верувам дека филмот е најдобар кога ни овозможува да го погледнеме светот од перспектива на друга личност. Верувам дека филмската уметност не е само начин на раскажување приказни. Тоа е исто така начин на преиспитување на светот во кој живееме. Во време кога омразата, национализмот, нетолеранцијата и политичката поларизација стануваат сè помоќни, верувам дека е поважно од кога било филмот да остане простор за сомнеж, имагинација и емпатија. Тој не може само да го промени светот. Но, може да нè натера да го гледаме светот поинаку. Може да им даде глас на оние кои се игнорирани, да ги предизвика моќните и да нè потсети дека секогаш постои друг начин на гледање на работите. Длабоко сум благодарен на КИНЕНОВА и на сите што ги поддржаа моите филмови и го споделија ова патување со мене. Ви благодарам за оваа чест, а најмногу од сè, ви благодарам што го одржувате филмот како уметност и кино културата во живот, рече Алпер.

    На бината вчера вечер се качија и дечињата од основните училишта во Кисела Вода кои учествуваа на филмската работилница „Снимај паметно, остави трага“ под менторство на режисерката Марија Џиџева и публиката имаше можност да ги поздрави и да ги погледне филмовите кои ги изработиле.

    Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска поздравувајќи ги присутните посочи дека оваа работилница е пример како филмот може да се трансформира во моќна алатка за обединување, емпатија и разбирање. Таа го скрати својот говор и пред присутните од срце рече дека како професторка, градоначалничка и како мајка сака да ја поддржи светлината на овие деца, да биде поголема На прво светло!

    Previous ArticleВе очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен
    Next Article Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    Поврзани вести

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026

    Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб

    22/10/2026

    Објавен патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ на македонски јазик

    21/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.