Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, премиерот го повика да ги докаже обвинувањата на суд
    Политика

    Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, премиерот го повика да ги докаже обвинувањата на суд

    14/10/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Размена на обвинувања, навреди и меѓусебни прозивки имаше денеска на собраниската седница за опозициски пратенички прашања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Апасиев го праша премиерот за бизнисите на неговиот баџанак Јорданчо Јанев, познат како Дано, фирмите во Македонија и Бугарија и тендерот за угостителска услуга од Општина Струмица, а Мицкоски ги отфрли наводите и го повика да ги повтори јавно надвор од собраниската говорница за да ги докаже пред суд.

    Апасиев праша за деловните активности на Јанев, тврдејќи дека тој има шест фирми, четири во Македонија и две во Бугарија, и дека неговите бизниси се прошириле по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Посочувајќи фотографија од Јанев, лидерот на Левица рече дека ќе изнесува конкретни имиња и податоци.

    „Денес ќе ве прашам за тема во која што вие сте најак, а јас сум најслаб. А тоа е бизнис“, рече Апасиев, алудирајќи на премиерот.

    Тој ги спомена компаниите „Дано Транс“, „Интерласт Груп“, „Шалом Фуд Груп“ и „Шалом Деливери“, а зборуваше и за фирмата „Д Дигитал Конто“. Според неговите наводи, дел од компаниите остваруваат милионски приходи, а во нив се појавуваат роднински и деловни врски.

    Апасиев ја поврза темата и со тендерот на Општина Струмица за подготовка на свечен ручек за 250 гости по повод празникот на Светите Петнаесет Тивериополски маченици. Тој тврдеше дека тоа бил првиот тендер на актуелниот градоначалник Петар Јанков и дека Јанев бил кум и покровител на славата, отворајќи прашање за можен судир на интереси.

    Лидерот на Левица рече и дека, според јавно достапните информации на кои се повика, Јанев од 2019 година наваму донирал 20.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ. Спомена и хациенда во Струмица, за која изнесе процена од два милиона евра.

    Одговарајќи на прашањето, Мицкоски потврди дека Јанев му е баџанак, објаснувајќи дека сопругата на Јанев е сестра на неговата сопруга. Тој, меѓутоа, ги отфрли наводите на Апасиев и го обвини дека ја користи собраниска говорница за да изнесува лаги, клевети и инсинуации без да сноси кривична одговорност.

    „Јас ве поканувам како голем маж, храбар маж, што не сте, туку обична кукавица, да излезете ова што денеска го кажавте и надвор пред медиуми на прес-конференција да го кажете и тогаш ќе се најдеме во арената каде што вие сте насилен, а тоа е судот, правото“, му порача Мицкоски на Апасиев.

    Премиерот рече дека Апасиев, откако ќе заврши неговото излагање, повторно ќе изнесе обвинувања, но дека за нив треба да преземе одговорност надвор од собраниската говорница.

    Во однос на бугарското државјанство на Јанев, Мицкоски рече дека не е точно дека тој го добил во 2017 година, како што навел Апасиев, туку во 2003 година.

    Мицкоски објасни дека Јанев потекнува од семејство на двајца стечајни работници и дека неговиот татко, откако останал без работа во транзицијата, добил камион од тогашната „Треска“ со кој заработувал за семејството. Според премиерот, од тие почетоци подоцна се развил бизнис што постои повеќе од 25 години.

    „Јас навистина не можам да сфатам што е грев, па дури и да е бугарски граѓанин, па дури и во Бугарија да прави бизнис и да заработува милиони, како што кажувате, и тие пари да ги донесе во Македонија и тука да ги троши“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека не гледа ништо спорно во тоа граѓаните да ги вложуваат во Македонија парите што ги заработиле во странство, наместо да ги трошат надвор од земјата.

    Му порача на Апасиев и дека ја сквернави светата прослава на Петнаесет Тивериополски маченици.

    „Ај што не се разбирате од бизнис, туку и како и секоја обична кукавица, доаѓате овдека на говорницата и истурате клевети коишто немаат никаква врска, па дури и успевате да ја сквернавите светата прослава на Светите Тивериополски маченици, што е градска слава во Струмица и која што трае со години со децении. Добро вие сте еретик не ги разбирате тие работи, а еретиците не можат да ги сфатат тие христијански обичаи, односно верски обичај. Така што господине Апасиев јас еве најчесно, најпријателски, најдругарски ве замолувам за да сега ја отргнеме оваа перцепција дека сте кукавица и дека немате срце, излезете после оваа ваша беседење, бидејќи тука сум јас инфериорен, имате три минути да ја кажете со нов грст навреди на прес-конференција и кажете ја“, порача премиерот

    Осврнувајќи се на донациите за партијата, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе донатори, меѓу кои и милионери, членови и симпатизери кои донираат средства. Притоа, упати критики кон Левица, тврдејќи дека нејзини функционери земаат хонорари и дневници од партијата, а потоа купуваат објекти што ги пренаменуваат во кафулиња и ноќни клубови.

    Премиерот рече дека нема да го користи семејството на Апасиев за политички напади, но го обвини лидерот на Левица дека ја злоупотребува собраниската говорница за лични напади и клевети.

    Previous ArticleЏез фестивал „Филип Стевановски“ Куманово 2026
    Next Article Бројот на важечки лични карти во Србија за 4 месеци се зголемил за 236.000

    Поврзани вести

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    22/10/2026

    Во Будва започна Самитот во рамките на Берлинскиот процес

    22/10/2026

    Муцунски на средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.