Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.
Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.
На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.
Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.
