Голем пожар избувна денеска на пладне во бараките на Макотекс во Карпош 4 покрај кејот на Вардар во Скопје. Изгореа повеќе бараки кои се користеле за најразлични бизниси, од лимарија до печатење и текстил. На лице место беа присутни пет возила на противпожарната единица и десетина пожарникари кои за околу еден час го локализираа пожарот, а во гаснењето учествувал и еден авион.
Од Центарот за управување со кризи потврдија дека гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот Обединети Нации.
„Се работи за стар објект кој повеќето од објектот нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии“, велат од ЦУК.

Фото: Мета.мкКако што додаваат оттаму, авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) враќајки се полн со вода од извршување на задачата за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над пожарот на објектот.
Причините за пожарот се непознати, но очевидците за Мета.мк велат дека електричната инсталација во објектите била со дискутабилен квалитет. Забележително е дека густиот чад што излегуваше од една од опожарените бараки беше со карактеристична кафена боја.

Фото: Мета.мкОд Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски.
View this post on Instagram