Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Драмски театар Скопје со „Плејбоите…“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони
    Култура

    Драмски театар Скопје со „Плејбоите…“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

    27/08/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ утре, на 28 август ќе гостува на Бриони во Хрватска каде театарот „Ulysses“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на локалитетот Мали Бриони во 21 часот. Гостувањето на Бриони ќе биде шеста изведба на пиесата со што се заокружува сезоната на планирани настапи на летните фестивали. Станува збор за копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното гледалишче Љубљана и продукцијата на „Град театар“ Будва.

    Премиерата на копродукциската претстава „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ се играше во Црна Гора на 10 август на 39. фестивал „Град театар“ Будва. На летната сцена во комплексот „Словенска плажа“ претставата беше играна во четири последователни вечери.

    Предизвикот да се создаде копродукциската претстава на четирите уметнички куќи е одбележувањето на пет години од смртта на авторот Душан Јовановиќ, кој остави силен печат во театарскиот израз во регионот. За претставата е истакнато дека: „Плејбоите…“ е текст напишан во 1972, од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ, работен во формата на комедија дел арте. Претставата првпат е изведена во Местното гледалишче Љубљана една година подоцна. Во творештвото на тошашнаите „бунтовни“ уметници е присутен таканаречениот „лудизам“ – специфичен одговор на „тешките теми“ што ги отвори повоената генерација млади луѓе што биле современици на регионални историски движења, во духот на „Сексуалната револуција“ и „Пролетта од 1968 година“.

    Режисерот Пеновиќ за претставата „Плејбоите…“ вели дека е вителот на живата еротика, младост и незаузданата, вечно незаситна страст. Сепак, меѓу редови се насетува и една празнина, суета и егоизам на општеството што постојано трча по уживање. Денес, половина век по ‘68, суетата и бесцелноста остануваат актуелни, а им се придружуваат и трката по материјалниот статус, но и егзистенцијалниот страв.

    Покрај Иван Пеновиќ, авторскиот тим го сочинуваат и Соња Должан (превод), Лазе Трипков (сценографија), Александар Ношпал (костимографија), Владимир Пејковиќ (композиција) и Дамир Клемениќ (сценско движење). Во копродукциската претставата играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.

    Previous ArticleТужба против „OpenAI“ по самоубиство на тинејџер во САД
    Next Article ОН му порачаа на Израел дека мора да има правда, по бомбардирањето на болницата во Газа

    Поврзани вести

    Ќе се снима биографски филм за Слаткар, објавени филмовите што добија поддршка од Агенцијата за филм

    29/05/2026

    Инклузивна промоција на сликовницата „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски

    28/05/2026

    Концерт по повод 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност

    28/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.