Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Ејакузе: Годинава сте во клучен момент, треба да покажете напредок кон пристапувањето во ЕУ
    Македонија

    Ејакузе: Годинава сте во клучен момент, треба да покажете напредок кон пристапувањето во ЕУ

    02/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Партнерството за отворена власт започна во 2011 година, а Северна Македонија се приклучи уште тогаш. Вклучени се 74 национални влади и илјадници партнери од граѓанското општество, а целта е владите да се потранспарентни и поотчетни за да им служат на своите граѓани. Република Северна Македонија е eдинствената земја во Европа каде судството е директно ангажирано. Оваа 2025 е клучна година за вас, одите во фаза на испорака и сте во клучен момент да покажете напредок кон пристапувањето во ЕУ.

    Ова го изјави денеска Ајдан Ејакузе, директорот на Партнерство за отворена власт, на отворената владина седница со македонската Влада.

    „Целта е да ја елиминираме корупцијата и да обезедиме владеење на правото. Во светот довербата на јавноста во власта е поткопана, луѓето немаат доверба. Тоа создава фрустација и нестабилност, но тоа може да се поправи. Владата е партнер во решавањето на нивните реални проблеми и приоритети. Филипини, Колумбија, Хрватска, се држави кои ја вратија врската меѓу граѓаните и Владата, а РСМ ќе ги следи овие лекции“, рече Ејакузе.

    Тој додаде дека корупцијата ги цеди јавните ресурси, ја руши довербата во државата и не е доволно само да се носат закони против корупција.

    „Отворената влада докажа дека таков пристап е возможен, може да се спречат компаниите да ги кријат незаконски добиените пари. Ќе ве поддржиме со експертиза, со идеи, со врски за учење, со видливост на глобален план, за да да биде оваа држава на која ќе ѝ веруват граѓаните“, рече тој.

    На состанокот обраќања имаа и министерот за јавна администрација Горан Минчев и премиерот Христијан Мицкоски. Минчев кажа дека со овој состанок се испраќала порака за решеност да продолжи со реформите во борбата против корупија, дигитална трансформација и јакнењето на демократијата. Мицоски, пак, во неговото обраќање се осврна на наводен скандал за нелегално прислушкување.

    „Процесот на приближуивање кон ЕУ е суштински трансформациски пат. Отворената власт е алатка преку која ефктивно ја реализираме програмата на Владата, во чиј фокус се граѓаните и нивната доверба во инстиутциите“, рече премиерот, но потоа додаде дека не може да го занемари контекстот.

    Според него, тој заедно со новинари, медиуми, бизнисмени, бил жртва на системот што е „напад врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата“.  Премиерот најави дека „ќе има одговорност и правна разрешница“.

    Previous ArticleКонцерт на музичари од поранешна Југославија во Филхармонијата
    Next Article Преку зелениот телефон на Еко-свест за само две недели решени шест еколошки проблеми

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.