Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, оствари средба со претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судијата Ана Павловска Данева.
На средбата се разговараше за значењето и содржината на одлуката на Судот со која беа укинати одредби од повеќе закони и подзаконски акти што се однесуваат на поимот припадност на заедниците, меѓу кои се и делови од Методологијата за планирање на вработувања во јавниот сектор согласно начелото на соодветна и правична застапеност, во јавноста препознатлива како „Балансер“.
На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на соработка и од континуираниот дијалог за прашања од областа на уставното судство и владеењето на правото, а двете страни изразија подготвеност за продолжување на конструктивната соработка и дијалогот и во наредниот период.